Наслов на наставниот предмет | Надворешна трговија |
Код | INT 340 |
Професор | Проф. д-р Кикеркова Ирена |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни:
да ги разликуваат квантитативните, квалитативните и мешовитите инструменти на надворешнотрговскиот систем и нивната суштина;
да ја знаат суштината на инструментите на девизниот систем и основите на политиката на девизен курс;
да го познаваат надворешнотрговскиот и девизниот систем на Македонија;
да бидат способни да ги анализираат ефектите што постоечкиот надворешнотрговски и девизен систем ги имаат врз надворешнотрговската размена и билансот на плаќањата на Македонија;
да имаат основни познавања за воспоставените електронски платформи во царинското работење во Македонија и олеснувањата за компниите што произлегуваат од нивното функционирање.
Содржина на предметната програма: Концепциски овој предмет го сочинуваат три меѓусебно поврзани дела и тоа: делот што го обработува поимот и содржината на надворешнотрговскиот систем и на надворешнотрговската политика; делот што го обработува поимот и содржината на девизниот систем и на девизната политика и, последниот дел, што ги обработува надворешнотрговскиот и девизниот систем на Македонија.