Дипломираниот економист на Департманот по надворешна трговија има продлабочени теоретски знаења од областа на надворешната трговија и поседува специфични вештини за нивна практична примена.
Специфични компетенции:
Дипломираниот економист на Департманот по надворешна трговија се оспособува за креирање на макроекономските политики во областа на надворешнотрговскиот и девизниот систем и за нивна практична имплементација. Притоа, тој поседува знаења за потребата од усогласување на националните политики од областа со правилата на мултилатералниот трговски систем, од една страна, и со правилата на Европската унија од друга страна. Исто така, стекнува теоретски знаења за спроведување на 11 макроекономска анализа од аспект на билансот на плаќањата, утврдување на изворите на нерамнотежа во него и спецификите на расположливиот инструментариум за негово повторно враќање во рамнотежа. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат во државните институции – ресорните министерства и агенции, Народната банка на Република Македонија, Царинската управа на Р. Македонија, но и во компаниите од приватниот сектор – претпријатијата регистрирани за надворешнотрговско работење, шпедитерските, транспортните претпријатија и осигурителните куќи и во овластените банки за платен промет.
Општи и специфични дескриптори на квалификацијата
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
1) Знаење и разбирање
- Демонстрира знаење и разбирање за правилата врз основа на кои функционира современата меѓународна економија и во нејзини рамки, мултилатералниот трговски систем.
- Покажува знаење за предностите и слабостите на различни теоретски концепции преточени во економски мерки и инструменти за водење на надворешнотрговската политика на одделните земји.
- Покажува знаење и способност за анализа на ефектите од примената на одделните инструменти на надворешнотрговскиот и девизниот систем и девизната политика врз надворешнотрговската размена и билансот на плаќањата.
- Демонстрира знаење и разбирање за актуелните аспекти и процеси на регионално интегрирање во светот, особено во Европа, и нивното влијание врз современите бизнис практики.
- Демонстрира знаење за водење на самостоен бизнис во современото меѓународно окружување.
2) Примена на знаењето и разбирањето
- Применува аналитичко-критичка апаратура за согледување на предностите и слабостите на различните теоретски концепции од областа на надворешната трговија. • Успешно ги интерпретира случувањата во меѓународната економија и ги толкува политиките и дејствувањето на мултилатералниот трговски систем и финансиските институции.
- Професионално ги користи инструментите на мултилатералниот трговски систем во насока на поддршка на надворешно-трговската политика.
- Ги применува знаењата за досега реализираните ефекти од процесите на регионално интегрирање за успешно вклопување на Република Македонија во Европскта унија и во ЦЕФТА -2006.
- Успешно се вклучува во спроведување на современите бизнис практики.
3) Способност за проценка
- Покажува способност за критична анализа за предложените решенија и преземните мерки од страна на големите меѓународни организации и институции поврзани со регулацијата на меѓународните економски односи.
- Покажува способност за прибирање, анализирање, оценка и презентирање на информации за поважните аспекти на избраната надворешнотрговска политика на одделни национални економии.
- Демонстрира способност за вешто комбинирање на инструментите на надворешнотрговскиот и девизниот систем.
- Покажува способност за преземање идни чекори во насока на приближување и хармонизација на нашата земја во евроинтеграциските процеси.
- Покажува способност за препознавање на можностите за развој на успешен бизнис во современата меѓународна економија.
4) Комуникациски вештини
- Поседува способност за професионална комуникација со професионалци од областа.
- Покажува способност да функционира ефикасно како дел од професионален тим.
- Покажува способност за независно учество во научни и професионални дискусии, како и учество во научно-истражувачки проекти.
- Поседува способност за критичка анализа на окружувањето и за предлагање мерки за надминување на конкретни проблеми со кои се соочуваат бизнисите во современата меѓународната економија.
- Поседува способност за приспособување кон правилата на функционирање на современиот бизнис.
5) Вештини на учење
- Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување содржини од областа на меѓународната економија.
- Покажува интерес за активно учество во различни дополнителни форми и видови учење.
- Демонстрира способност за правилно организирање и користење на времето.
- Демонстрира способност за критичка анализа и генерирање на идеи во насока на решавање проблеми од секојдневната практика.
- Покажува интерес за континуирана едукација и професионален развој на повисоки образовни нивоа.
Задолжителни предмети
Ред. Бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS | Семестар |
---|---|---|---|---|---|
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 | Прва година – Зимски |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 | Прва година – Зимски |
3 | ACC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 | Прва година – Зимски |
4 | INT 110 | Трговско право | 4+2 | 8 | Прва година – Зимски |
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 | Прва година – Летен |
6 | INT 220 | Меѓународни организации и интеграции | 6+0 | 8 | Втора година – Зимски |
7 | MKT 210 | Основи на маркетинг | 4+2 | 8 | Втора година – Зимски |
8 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 | Втора година – Зимски |
9 | INT 210 | Меѓународна економија | 6+0 | 8 | Втора година – Летен |
10 | INT 310 | Европски економски интеграции | 6+0 | 8 | Трета година – Зимски |
11 | INT 340 | Надворешна трговија | 6+0 | 8 | Трета година – Зимски |
12 | FIN 230 | Јавни финансии | 6+0 | 8 | Трета година – Зимски |
13 | INT 320 | Единствен пазар на ЕУ | 6+0 | 8 | Трета година – Летен |
14 | INT 330 | Мултилатерален трговски систем | 6+0 | 8 | Трета година – Летен |
15 | INT 410 | Меѓународни трговски трансакции | 6+0 | 8 | Четврта година – Зимски |
16 | FIN 310 | Меѓународни финансии | 6+0 | 8 | Четврта година – Зимски |
17 | INT 430 | Монетарна и фискална политика во ЕУ | 6+0 | 8 | Четврта година – Зимски |
18 | INT 420 | Мултилатерална трговска регулатива | 6+0 | 8 | Четврта година – Летен |
19 | MKT 420 | Меѓународен маркетинг | 4+2 | 8 | Четврта година – Летен |
20 | DIPL | Дипломска работа | – | 3 | Четврта година – Летен |
Изборни предмети
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР
- Аграрна политика
- Аналитика на бизнис податоци
- Банкарски менаџмент
- Деловна етика
- Демографија
- Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
- Европски економски интеграции
- Економетрија
- Економија на инвестициите
- Економија на јавниот сектор
- Економика на Македонија
- Економски раст и развој
- Индустриска политика
- Интегрирани маркетинг комуникации
- Jавни финансии
- Квантитативни методи во финансии
- Корпоративно финансиско известување
- Лични финансии
- Макроекономија
- Маркетинг истражување
- Маркетинг менаџмент
- Меѓународен маркетинг
- Меѓународни организации и интеграции
- Меѓународни трговски трансакции
- Меѓународни финансии
- Менаџмент на информациони системи
- Менаџмент на човечки ресурси
- Методи на макроекономската анализа
- Микроекономија
- Монетарна и фискална политика во ЕУ
- Надворешна трговија
- Национални сметки
- Однесување на потрошувачите
- Оперативен менаџмент
- Операциони истражувања
- Сметководствени информациони системи
- Статистичка контрола на квалитет
- Стратегиски менаџмент
- Теорија на организација
- Управување со производот
- Финансиско сметководство
ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
- Анализа на временски серии
- Анализа на финансиски извештаии
- Банкарство
- Вовед во економија на животната средина
- Глобалната економија и економските системи
- Деловно комуницирање
- Деловно планирање
- Директен маркетинг
- Државна регулација на бизнисот
- Е-бизнис иновации
- Единствен пазар на ЕУ
- Економија на иновации
- Економија на трудот
- Економија на социјална држава
- Економска статистика
- Инвестиционен менаџмент
- Интерна ревизија
- Локални финансии
- Маркетинг на услуги
- Маркетинг преку социјални медиуми
- Меѓународен менаџмент
- Меѓународна економија
- Меѓународно сметководство
- Менаџмент во осигурување
- Менаџмент на мал бизнис
- Менаџмент на набавки
- Менаџмент на перформанси
- Менаџмент на промени
- Менаџмент на ризик
- Менаџмент на финансиски институции
- Монетарна економија
- Мултилатерален трговски систем
- Мултилатерална трговска регулатива
- Односи со јавноста
- Организациско однесување
- Основи на бизнис аналитика
- Политика на цени
- Претприемништво
- Проект менаџмент
- Развој на економската мисла
- Регионална и урбана економија
- Ревизија
- Сметководствени контролни системи
- Теории на надворешната трговија
- Теорија на одлучување
- Управување со маркетинг каналите
- Управување со системите
- Управувачко сметководство I
- Управувачко сметководство II
- Финансиска економетрија
- Финансиска и актуарска математика
- Финансиски пазари и институции
- Хартии од вредност и портфолио менаџмент
ЛИНК до Меѓународна троговија – студиска програма 2022/2023