Национални сметки

Наслов на наставниот предметНационални сметки
Код ECN 390
ПрофесорПроф. д-р Билјана Ташевска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни:

  • да ги разберат и објаснат основните концепти и принципи на системот на национални сметки (СНС), како главен извор на макроекономски информации неопходни за анализа на националната економија и нејзиниот развој, како и за меѓународни споредби;
  • да ги дефинираат и анализираат врските помеѓу најзначајните макроекономски агрегати на производството и доходот;
  • да ги испитаат врските помеѓу различните сектори во економијата;
  • да ги увидат можностите за користење на системот на национални сметки при предвидувања, планирање, економска анализа, креирање политики итн.;
  • да ја разберат примената на националните сметки за мерење на релевантните цели за одржлив развој;
  • да користат статистички бази на податоци за националната економија;
  • да пресметаат и толкуваат одредени макрекономски индикатори, со примена на софтверски алатки;
  • да дискутираат за прашања поврзани со ограничувањата на статистиката на националните сметки.

Содржина на предметната програма:

  • Основни концепти на националните сметки;
  • Системот на национални сметки на ОН (СНС 2008);
  • Макроекономски агрегати;
  • Бруто-домашниот производ, националното богатство и благосостојбата;
  • Редослед и поврзаност на сметките;
  • Сметки на институционалните сектори во економијата;
  • Инпут-аутпут табели и матрици на општествени сметки;
  • Неформалната економија;
  • Квартални национални сметки;
  • Сателитски сметки и други проширувања на системот на национални сметки;
  • Поврзаност на националните сметки со останатите макроекономски сметки;
  • Примена на националните сметки за економска анализа, предвидувања, планирање, креирање политики итн.
Национални сметки – предметна програма 2022/23