Обуки за дигитални вештини

Искористете го ваучерот за обуки за дигитални вештини на Економски факултет – Скопје и одберете обука на подарок! 

За искористен ВАУЧЕР на Економски факултет-Скопје ви следува ПОДАРОК обука од исти или понизок ранг!

Доколку имате од 18 до 29 години и имате желба за личен развој, професионално усовршување искористете го 

Како да аплицирате?

  1. Следете го упатството на МИОА за да добиете ваучер. При изборот на ваучерот морате да ја изберете обуката за која ќе се пријавите на Економски факултет-Скопје. Ваучерите неможе да се менуваат, ниту да се пренесуваат на друго лице. 
  2. Потоа изберете некоја од обуките за личен развој и професионално усовршување со пополнување на следната форма.   Листат на обуки кои ги нуди Економски факултет – Скопје можете да ги видите подоле.
  3. Економски факултет – Скопје ќе ве контактира на вашата e-mail адреса или телефон и навремено ќе ве информира за сите новости, информации и термини за почеток за обуките.

Информации околу обуките

Сертификација: Економски факултет-Скопје преку акредитацијата за изведување на настава на прв, втор и трет циклус на студии добиена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, повеќе од половина век дава диплома за завршени студии на повеќе департмани. Во таа насока по успешно завршувањето на обуката ќе издаде сертификат-потврда за посета на обуката и стекнати дигитални вештини според Европската Рамка за дигитални компетенции 2.0.

Методологија: Секоја од обуките ќе се споведе онлајн преку платформата Google Meet, која Економски факултет-Скопје веќе ја користи за изведување на наставата. Предавањата за сите обуки ќе се изведуваат со помош на презентации, ќе се користат вежби, дискусии во група како и практични примери. На крајот од обуката ќе се спроведе тестирање.

Пријавување:

Сите заинтересирани кандидати кои имаат какви и да било проблеми во процесот на аплицирање можат да се пријават на маил meri.hristoska@eccf.ukim.edu.mk или на телефонски број 02 3286824

Правила за ваучерите:

  • едно лице може да добие еден ваучер
  • ваучерот може да го искористи само лицето на чие име гласи ваучерот
  • ваучерот покрива 50% од цената на чинење на обуката но не повеќе од 30.000 денари