Наслов на наставниот предмет | Однесување на потрошувачите |
Код | МКТ 220 |
Професор | Проф. д-р Снежана Ристевска-Јовановска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
Да ги идентификуваат различните аспекти и фактори кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите преку анализа на изложената материја
Правилно да ги интерпретираат фазите во процесот на донесување на одлука за купување при изработката на маркетинг стратегија
Да ја познаваат домашната и регулативата на ЕУ во подрачјето на заштита на потрошувачите преку анализа на материјата и друга релевантна литература
Содржина на предметната програма:
Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето, суштината и функционирањето на однесувањето на потрошувачите. Оваа материја во теоријата на маркетингот спаѓа во доменот на најсуптилните прашања, бидејќи од особена важност за секој стопански субјект претставува познавањето на аспектите на однесувањето на потрошувачите кои особено доаѓаат до израз преку индивидуалноста на човекот во процесот на донесување одлука за купување, како и неможноста да се согледаат внатрешните мотиви и психичките елементи кои на определен начин имаат влијание врз карактерот на одлуката.
- Однесување на потрошувачите и маркетингот
- Типови на потрошувачи и препознавање на потребите
- Истражувачки методи за анализа на потрошувачкото однесување
- Психолошки фактори на потрошувачка
- Социолошки фактори на потрошувачка
- Преткуповно оценување и купување
- Потрошувачка, посткуповно однесување и дивестирање