Организациско однесување

Наслов на наставниот предметОрганизациско однесување
КодMGT 130
ПрофесорВон.проф.д-р Александра Јанеска –Илиев проф. д-р Љубомир Дракулевски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • ги дефинираат клучните поими поврзани со организациското однесување;
  • ги објаснат различни концепти за однесувањето и клучните варијабли кои влијаат на однесувањето на поединците ;
  • ги објаснат и дискутираат групните процеси во рамките на организацијата, како и тимовите и тимското работење;
  • да ги разберат и дискутираат конфликтите во рамките на организацијата, како и стратегии за надминување на истите
  • го разберат и препознаат лидерството како многу значајна димензија на менаџерската професија и да ги препознаат вистинските лидериски димензии;
  • ги објаснат мотивацијата и соодвeтно да знaат да ги користат различните елементи поврзани и со мотивацијата;
  • ја анализираат моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа;

Содржина на предметната програма:

  1. Вовед
  2. Запознавање со основните теоретски рамки поврзани со организациското однесување
  3. Поединецот и организацијата
  4. Групата и групните процеси во организацијата
  5. Тимовите и тимското работење
  6. Интегрирање на поединците, групите и организациите
  7. Лидерство
  8. Организациска култура

Организациско однесување – предметна програма