Наслов на наставниот предмет | Основи на е-бизнис |
Код | EBU 110 |
Професор | Проф. д-р Сашо Јосимовски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма(компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Да ги препознаат фундаменталните концепти на е-бизнисот;
- Да ги идентификуваат главнитее-бизнис модели;
- Да ги препознаваат и класифицираат е-бизнис моделите според приходот и трансак циските механизми;
- Да можат да ги идентификуваат елементите од е-окружувањето кои влијаат на е-бизнис с тратегијата на претпријатијата;
- Да ги препознаваат и класифицираат методите и моделите на дигиталниот маркетинг;
- Запознаени со бенефициите и ограничувањата за претпријатијата и потрошувачите од примената на е-бизнис моделите.
Содржина на предметната програма:
Предметот ги запознава студентите со основните концепти,дефиниции и окружувањето на е-бизнисот и е-комерцијата. Ќе бидат обработени најзначајните теми поврзани со е-бизнисот, како што се класификацијата на е- бизнис моделите,нивната структура,пазарните механизми, е-бизнис апликациите,методите на дигиталниот маркетинг, како и бенефициите и ограничувањата за претпријатијата и потрошувачите од примената на електронските форми на водење на бизнисот. Студентите за совладување на предметната материја ќе користат специјално опремена компјутерска лабораторија.