Наслов на наставниот предмет | Основи на маркетинг |
Код | МКТ 210 |
Професор | Проф. д-р Снежана Ристевска-Јовановска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Секој студент треба да биде способен да изврши сегментирање на пазарот и интерпретирање на процесите на позиционирање и таргетирање преку познавање на однесувањето на потрошувачите на различните пазарни сегменти.
- Студентот треба да биде способен да ги идентификува и успешно да ги комбинира инструментите на маркетингот преку анализа на изложената материја, примери од праксата и изработка на проекти.
- Студентот треба да биде oспособен тимски да дизајнира и спроведе истражувачки проект, како и да ги споредува и вреднува добиените податоци од маркетиншки аспект.
- Студентот треба да биде способен да ja примени маркетинг концепцијата во работењето и да донесува правилни маркетиншки одлуки кои базираат на познавањето на принципите на маркетинг менаџментот
Содржина на предметната програма:
Намерата на наставата по предметот е да се запознаат студентите со маркетинг концепцијата во работењето на претпријатијата и како таа функционира во практиката. Во таа смисла е и потребата да добијат пошироки знаења од маркетингот, поаѓајќи од фактот дека во центарот на интересот на секое претпријатијатие е потрошувачот и неговите потреби и желби кои треба да се осознаат со цел истите да бидат задоволени. Тоа ќе се постигне преку производите што се нудат на пазарот, цените по кои се нудат, каналите на дистрибуција и промотивните активности кои имаат за цел информирање и убедување на потрошувачите. Поради сето ова треба да се оддаде посебно внимание на производот т.е. услугата, цената, дистрибуцијата и промоцијата како и на прашањата поврзани со управувањето со маркетинг активностите.
- Маркетинг концепт
- Маркетинг менаџмент
- Маркетинг истражување
- Сегментирање на пазарот
- Производ
- Цена на производите
- Промоција
- Дистрибуција
- Маркетинг за глобален пазар