Наслов на наставниот предмет | Основи на менаџмент |
Код | MGT 210 |
Професор | Проф. д-р. Леонид Наков Проф. д-р. Стојан Дебарлиев |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
- ги дефинираат и објаснат клучните поими поврзани со карактерот на менаџментот и основите функции во рамките на менаџмент процесот;
- ја објаснат содржината на работата на менаџерите и важноста од стекнувањето на потребните менаџерски компетенции во современото бизнис окружување;
- ги објаснат и дискутираат современите предизвици на менаџментот во областите на менаџерското одлучување, општествената одговорност и деловната етика, малиот бизнис и претприемништвото, корпоративното управување и управување со разновидноста и нивните импликации во секојдневни организациски и развојни предизвици;
- ги аплицираат основните менаџмент принципи во дијагностицирање и решавање на реални проблемски ситуации;
- ги анализираат процесите, функциите и соработката во сите форми на организации, како и да ја унапредуваат ефикасноста во работењето;
- ја оценуваат ефективноста на различните менаџмент решенија, одлуки и модели во насока унапредување на перформансите од работењето.
Содржина на предметната програма:
- Карактерот на менаџментот
- Еволуција на мислата за менаџмент
- Карактерот на работата на менаџерот
- Окружувањето и организациската култура
- Менаџмент процес (планирање, организирање, координирање, мотивирање и контрола)
- Менаџерско одлучување
- Општествената одговорност и менаџерската етика
- Малиот бизнис и претприемништвото
- Предизвикот на корпоративното управување
- Управување со разновидноста