Наслов на наставниот предмет | Основи на сметководство |
Код | АCC 110 |
Професор | Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска Проф. д-р Марина Трпеска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Ги осознаат потенцијалните корисници на сметководствените информации и основните модалитети во екстерното и интерното известување;
- Се здобијат со задоволителни сознанија за основните принципи во сметководството и начинот на нивното имплементирање;
- Се запознаат со базичните финансиски извештаи, односно билансот на состојбата, биласнот на успехот и извештајите за паричните текови и информациите кои секој од нив ги нуди на потенцијалните читатели на извештаите;
- Ги совладаат основните техники на книжење на средствата, обврските и капиталот преку примена на сметководствената равенка;
- Се запознаат со сметководственото евидентирање на приходите и расходите, како составни компоненти на билансот на успех;
Содржина на предметната програма:
- Сметководство во деловното планирање;
- Анализирање и евидентирање на трансакции;
- Корективни книжења во финансиските извештаи;
- Комплетирање на сметководствен циклус;
- Сметководство за трговски организации;
- Залихи;
- Измами, интерни контроли и парични средства;
- Побарувања;
- Нетековни средства;
- Тековни обврски;
- Долгорочни обврски;
- Капитал.