Наслов на наставниот предмет | Политика на цени |
Код | МКТ 350 |
Професор | Проф. д-р Даниела Бојаџиева |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Да ги применуваат принципите на стратегиското определување и управување со цените
- Да можат правилно да ги согледуваат и анализираат факторите кои влијаат врз определувањето на цените и примената на политиката на цени,
- Да знаат ги применуваат современите и класичните методите за пресметка и утврдување на продажните цени,
- Добро да ги владеат одделните стратегии и тактики на цените,
- Активно да учествуваат во процесот на донесување на квалитетни одлуки при формирање на цените во насока на подобрување на конкурентската предност на фирмата на пазарот.
Содржина на предметната програма: Основниот фокус на овој предмет е проучување на стратегиите и тактики во формулирањето и концепирањето на маркетинг политиката на цени во фирмите. Цената како инструмент на маректинг миксот е единствен елемент кој остварува приход (за разлика од другите инструменти) и непосредно влијае врз производството, продажбата и успешното работење на фирмите на домашниот и на меѓународниот пазар. Оттука, во наставната програма се посветува внимание на интерните и екстерните факотори во анализата и формирање на цените на производите и услугите. Понатаму, во програмата посебно внимание се посветува на методолошките аспекти и на методите за формирање на продажните цени на производите и услугите на фимрите, стратегиите и тактиките во имплементацијата на политиката на цени како и етичките аспекти поврзани со дефинирањето и имплементацијата на политиката на цени во фирмите.
- Вовед во маркетинг политиката на цени
- Принципи на стратегиско определување и управување со цените
- Фактори на политиката на цени
- Сензитивна анализа на профитот
- Методолошки аспекти во дефинирањето на политиката на цени
- Методи за опрделување на продажните цени
- Управување со промотивните цени
- Управување со попустите на цените
- Политка на диференцирани цени
- Политика на цени на нови производи
- Развој на ценовни структури
- Управување со цената во одделните фази од животниот циклус на производот
- Управување со цената во различни пазарни структури
- Етички аспекти и законски ограничувања во утврдувањето и управувањето со цените