Почесни професори и доктори

Проф. Романо Проди
Проф. Романо Проди
Почесен професор на економски науки на УКИМ, промовиран на 21 февруари 2003 година, во знак на неговиот придонес во економската наука, европските демократски процеси, просперитет и мир. Академската кариера ја развил во Болоња, предавал и во Тренто и Харвард. Беше премиер на Италија и претседател на Европската комисија (1999).
Проф. Џозеф Брејда
Проф. Џозеф Брејда
Почесен професор на економски науки на УКИМ, промовиран на 27 април 2007 година. Професор на Државниот универзитет во Аризона, САД, со особен придонес како визитинг-професор во наставата и истражувањата на Економскиот факултет.
Проф. Исак Адиџес
Проф. Исак Адиџес
Почесен доктор на економски науки на УКИМ, промовиран на 2 декември 2005 година за придонес во развојот на менаџмент науката и поддршката на македонското стопанство. Основач на Адиџес-институтот (Калифорнија) и еден од водечките светски експерти за бизнис-перформанси.