Наслов на наставниот предмет | Ревизија |
Код | ACC 330 |
Професор | Проф. д-р. Зорица Божиновска Лазаревска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Да се запознаат со клучните аспекти на ревизијата и нејзината улога во развиените економии;
- Да ја осознаат законската регулатива и стандардите за ревизија иманентни за ревизорската професија;
- Да се запознаат со содржината на Кодексот на етика на професионални сметководители и етичките дилеми со кои се соочуваат ревизорите
- Да ги познаваат чекорите од процесот на ревизија на финансиски извештаи;
- Да ја познаваат Рамката на COSO на внатрешна контрола
- Да ги применат современите ревизорски техники во прибавување на достатно соодветни ревизорски докази;
- Да ги интегрираат стекнатите сознанија во извештајот за извршена ревизија;
- Да ги развијат способностите за професионално расудување и професионален скептицизам.
Содржина на предметната програма:
- Поим, улога и значење на ревизорската професија во развиените економии
- Законска и професионална регулатива во ревизорската професија
- Професионална етика во ревизорската професија
- Професионална одговорност на ревизорот за измамите
- Професионален скептицизам и професионално расудување на ревизорите
- Договарање на ревизорскиот ангажман
- Планирање на ревизорскиот ангажман
- Материјалност, ревизорски ризици и ревизорски докази
- Рамка на внатрешна контрола на COSO
- Тестови на контроли и суштински тестови
- Користење на примерок во ревизијата
- Користење на современи технологии во ревизијата – големи податоци, blockchain и сл.
- Извештај на независниот ревизор
- Ревизорска професија во Република Северна Македонија
- Меѓународни образовни стандарди на МФС
- Ревизорската професија и предизвиците наметнати со климатските промени