Регионална и урбана економија

Наслов на наставниот предметРегионална и урбана економија
Код ECN 340
ПрофесорПроф. д-р Пеце Недановски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положување на испитот, студентите треба да бидат способни:

  • да ги познаваат закономерностите на современиот економски развој што произлегуваат од неговата просторна определеност,
  • да ја совладаат теоретската и методолошката диференцираност на регионалниот аспект на економскиот рзазвој,
  • да ги познаваат современите контроверзи и конфликти што ги отвори процесот на глобализација,
  • да се запознаат со местото и улогата на градот во современиот регионален развој,
  • да се согледаат процесите на децентрализација, како и примената на концептот на локален економски развој,
  • да извршат евалуација на условите во кои може да се применат економските инструменти во регионалната политика,
  • да ја познаваат и критички да ја оценат системската поставеност и начинот на водење на регионалната политика во Македонија.

Содржина на предметната програма:

  • Теоретски концепции за регионалниот развој,
  • Локациона анализа,
  • Анализа на детерминантите на современиот регионален развој,
  • Регионална економска политика,
  • Градот и регионалниот развој,
  • Децентрализација на локалната самоуправа,
  • Регионален развој на Македонија.

Регионална и урбана економија – предметна програма 2022/23