Сметководствени контролни системи

Наслов на наставниот предметСметководствени контролни системи
Код  ACC 230
ПрофесорПроф. д-р Атанаско Атанасовски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да ги:

  • Разбираат основите и компонентите на ефективниот систем на контрола
  • Применуваат техниките за сегрегација на должностите и дизајнираат ефективен сметководствен контролен систем
  • Идентификуваат ризичните подрачја од работењето
  • Постават основите на систем за сегментирано известување и контрола преку мерење на резултатите
  • Разбираат бихејвиористичките импликации на контролниот систем

Содржина на предметната програма:

  1. Основи на теоријата за менаџмент контроли
  2. Бихејвиористичките аспекти на сметководствените контроли
  3. Основни компоненти на ефективен систем на интерни контроли
  4. Улогата на интерната контрола и менаџментот при дизајнирањето на интерните контроли
  5. Сметководствениот систем и контроли на сметководствениот систем
  6. Автоматизирани контролни системи во компјутерска околина
  7. Системи за идентификување и управување со вообичаените деловни ризици
  8. Измамите, интерните контроли и сметководството за истражување на ризици од измами и грешки
  9. Улогата на сметководствениот контролен систем во корпоративното управување

Сметководствени контролни системи – предметна програма 2022/23