Студиската програма по Сметководство и ревизија на прв циклус студии доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје кои сакаат да го продолжат своето професионално усовршување во областа на сметководството, ревизија, финансиите и менаџментот на најголемото и најбрзо растечкото глобално тело за професионални сметководители – ACCA.
Цел на студиската програма по СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на сметководството и ревизијата и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
Дипломираниот економист на департманот по сметководство и ревизија се оспособува за примена на техники за евиденција и анализа на ефектите од трансакциите во кои се вклучуваат организациите од приватниот и јавниот сектор, се оспособува за проверка на веродостојноста на трансакциите и прикажаните ефекти од трансакциите во интерните и екстерни извештаи на организацијата, се оспособува да ги анализира факторите кои влијаат на финансиските резултатите во работењето. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
- Знаење за основните сметководствени принципи, претпоставки, стандарди и законска регулатива како и карактеристиките на современата сметководствена практика чија цел е подготовка на информации за различни групи на корисници.
- Знаења за методите на сметководствено опфаќање на трошоците, техниките за краткорочно и долгорочно донесување на одлуки, различните методи на вреднување на залихите и другите аспекти на деловното одлучување;
- Знаење за стандардите за ревизија, нормите за етичко однесување на ревизорите, како и за процесот на ревизија, и содржината и значењето на извештаите на интерните и екстерните ревизори.
Примена на знаењето и разбирањето:
- Ги применува теоретските принципи за сметководствена евиденција на различни видови на економски настани кај различните видови на ентитети и институции.
- Ги анализира финансиските информации, пресметува показатели на успешност и ги толкува различните аспекти од работењето врз основа на достапните извештаи. Сочинува разбирливи извештаи за различни групи на потенцијални корисници.
- Професионално расудува во примената на релевантната професионална и законска регулатива за финансиското известување и ревизијата во врска со извршување на ревизорски ангажмани или подготовка на финансиски извештаи за екстерни цели.
Способност за проценка:
- Демонстрира способност за синтеза на заклучоци и изведување на професионално мислење врз основа на достапни сметководствени информации.
- Демонстрира способност за проценка на квалитетот на подготвените финансиски извештаи во контекст на регулаторната рамка.
- Демонстрира аналитичност за проблемски ситуации и способност зa примена на сметководствени проценки при подготовка на финансиски извештаи, аналитички постапки при ревизија на финансиски извештаи, вреднување на работењето на претпријатија во целина, идентификување и квантификување на финансиски и деловни ризици и сл.
Комуникациски вештини:
- Покажува способност адекватно да комуницира со менаџментот, клиентот на друштвото за ревизија, вработените, кредиторите, претставници од државните институции и агенции. Работи ефикасно како член на тимот, поседува доверливост, ненаметливо однесување, критичко размислување, ги разбира и почитува културните разлики.
- Покажува способност за комуницирање и пренесување на сметководствени прашања на лица со различен образовен профил, искуство и стил на комуникација.
- Поседува разбирање за човековото однесување, вредносните системи, елементите и компонентите на комуникација, вештините за слушање, отвореност за комуникација, управува со времето и со стресот.
Вештини на учење:
- Демонстрира совладани вештини за учење – читање и слушање, визуелизирање, проверка преку практични примери, симплифицирање на варијациите.
- Демонстрира способност за активно учење, расположливост за учење преку практикување и обезбедување на услуги на пошироката деловна заедница.
- Покажува способност за идентификување на своите сопствени потреби и интереси за постдипломски студии во различни области на сметководството и финансиите.
Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Сметководство и ревизија.
Задолжителни предмети
Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS | Семестар |
---|---|---|---|---|---|
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 | Прва година – Зимски |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 | Прва година – Зимски |
3 | INT 110 | Трговско право | 4+2 | 8 | Прва година – Зимски |
4 | ACC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 | Прва година – Зимски |
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 | Прва година – Летен |
1 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 | Втора година – Зимски |
2 | ACC 210 | Финансиско сметководство | 6+0 | 8 | Втора година – Зимски |
3 | ACC 220 | Управувачко сметководство I | 6+0 | 8 | Втора година – Летен |
4 | MGT 430 | Деловно комуницирање | 4+2 | 8 | Втора година – Летен |
5 | FIN 210 | Финансиски пазари и институции | 6+0 | 8 | Втора година – Летен |
1 | ACC 330 | Корпоративно финансиско известување | 6+0 | 8 | Трета година – Зимски |
2 | ACC 340 | Сметководствени информациони системи | 6+0 | 8 | Трета година – Зимски |
3 | MGT 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 | Трета година – Зимски |
4 | ACC 320 | Ревизија | 6+0 | 8 | Трета година – Летен |
5 | ACC 310 | Управувачко сметководство II | 6+0 | 8 | Трета година – Летен |
1 | ACC 420 | Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации | 6+0 | 8 | Четврта година – Зимски |
2 | ACC 410 | Меѓународно сметководство | 6+0 | 8 | Четврта година – Летен |
3 | ACC 440 | Анализа на финансиски извештаи | 6+0 | 8 | Четврта година – Летен |
4 | ACC 430 | Интерна ревизија | 6+0 | 8 | Четврта година – Летен |
Изборни предмети
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР
- Аграрна политика
- Аналитика на бизнис податоци
- Банкарски менаџмент
- Деловна етика
- Демографија
- Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
- Европски економски интеграции
- Економетрија
- Економија на инвестициите
- Економија на јавниот сектор
- Економика на Македонија
- Економски раст и развој
- Индустриска политика
- Интегрирани маркетинг комуникации
- Jавни финансии
- Квантитативни методи во финансии
- Корпоративно финансиско известување
- Лични финансии
- Макроекономија
- Маркетинг истражување
- Маркетинг менаџмент
- Меѓународен маркетинг
- Меѓународни организации и интеграции
- Меѓународни трговски трансакции
- Меѓународни финансии
- Менаџмент на информациони системи
- Менаџмент на човечки ресурси
- Методи на макроекономската анализа
- Микроекономија
- Монетарна и фискална политика во ЕУ
- Надворешна трговија
- Национални сметки
- Однесување на потрошувачите
- Оперативен менаџмент
- Операциони истражувања
- Сметководствени информациони системи
- Статистичка контрола на квалитет
- Стратегиски менаџмент
- Теорија на организација
- Управување со производот
- Финансиско сметководство
ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
- Анализа на временски серии
- Анализа на финансиски извештаии
- Банкарство
- Вовед во економија на животната средина
- Глобалната економија и економските системи
- Деловно комуницирање
- Деловно планирање
- Директен маркетинг
- Државна регулација на бизнисот
- Е-бизнис иновации
- Единствен пазар на ЕУ
- Економија на иновации
- Економија на трудот
- Економија на социјална држава
- Економска статистика
- Инвестиционен менаџмент
- Интерна ревизија
- Локални финансии
- Маркетинг на услуги
- Маркетинг преку социјални медиуми
- Меѓународен менаџмент
- Меѓународна економија
- Меѓународно сметководство
- Менаџмент во осигурување
- Менаџмент на мал бизнис
- Менаџмент на набавки
- Менаџмент на перформанси
- Менаџмент на промени
- Менаџмент на ризик
- Менаџмент на финансиски институции
- Монетарна економија
- Мултилатерален трговски систем
- Мултилатерална трговска регулатива
- Односи со јавноста
- Организациско однесување
- Основи на бизнис аналитика
- Политика на цени
- Претприемништво
- Проект менаџмент
- Развој на економската мисла
- Регионална и урбана економија
- Ревизија
- Сметководствени контролни системи
- Теории на надворешната трговија
- Теорија на одлучување
- Управување со маркетинг каналите
- Управување со системите
- Управувачко сметководство I
- Управувачко сметководство II
- Финансиска економетрија
- Финансиска и актуарска математика
- Финансиски пазари и институции
- Хартии од вредност и портфолио менаџмент
ЛИНК до Сметководство и ревизија – студиска програма 2022/2023