Наслов на наставниот предмет | Современи макроекономски концепции и политики |
Код | EDIF510 |
Професор | Проф. д-р Трајко Славески |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
- Да се стекнат со продлабочени знаења за главните текови во современата макроекономска
наука и да дискутираат за нејзиниот развој и новите теоретски пробиви по Втората светска
војна. - Да се оспособат јасно да ги идентификуваат различните макроекономски концепции од
неокејзијанска и неолиберална провениенција и да го оценат начинот на кој тие го објаснуваат функционирањето на економијата. - Да го разберат и проценат влијанието на различните макроекономски концепции врз
профилирањето на мерките на економската политика и да ја оценат суштината и природата
на самите мерки. - Да се оспособат да ги дикутираат макроекономските политики кои ги применуваат
современите национални економии, да ја препознаат нивната провениенција.
Содржина на предметната програма:
- Вовед
- Микроекономски основи на макроекономските концепции и политики
- Кејнзијанизмот и неокејнзијанизмот и макроекономските политики
- Монетаризмот и макроекономските политики
- Новата класична макроекономија и макроекономските политики
- Теоријата на реалните деловни циклуси и макроекономските политики
- Економијата на понудата и макроекономските политики
- Теоријата на јавен избор и макроекономските политики
- Новата кејнзијанска економија и макроекономските политики
- Капацитетот на современите држави за дизајнирање и имплементација на економските
политики - Конфронтации по суштинските макроекономски концепти во главната струја на
макроекономијата по Големата рецесија 2007-2009 - Макроекономските концепции и економските политики во време на пандемијата со Ковид
Современи макроекономски концепции и политики – предметна програма 2022/2023