Economy, Business & Development: An international journal (EB&D)
Научното списание Business, Economy and Development (EB&D) се обидува да даде научен придонес кон разбирањето на феномените на развој од комбинирана перспектива на деловното работење и економијата. Списанието стимулира да се користат комбинации на научни перспективи во академските научни истражувања и политики кои се однесуваат на развојот. Во таа насока терминот развој се дефинира во широка рамка, со цел да се привлечат истражувања кои вклучуваат и бизнис и економски перспективи во развиени и земји во развој на микро или макро ниво.
Во списанието исто така се прифаќаат и научни публикации кои се фокусираат на една земја, но предлагаат генерализации што може да се користи во сличен емпириски контекст. Прифаќаме и длабинските студии што се користат за потврдување или проширување на постојните теории и модели.
Списанието е еклектично во однос на методот на истражување и прифаќаме квантитативно, квалитативно или мешано истражување. Сепак, се очекува доставената научна публикација да се заснова на студии кои користат современи теоретски и емпириски пристапи.
Повеќе информации за списанието има на следниов ЛИНК
Journal of Contemporary Economic and Business Issues (во мирување)
Во рамки на својата издавачка дејност, Економскиот факултет – Скопје пораного издаваше списанието Journal of Contemporary Economic and Business Issues ЛИНК
Последниот број на списанието е излезено во март 2020 година.
Journal of Contemporary Economic and Business Issues претставува ново рецензирано списание со отворен пристап од областа на економијата и бизнисот во кое тематски се обработуваат проблемите на економската наука, економската политика, финансиите, квантитативната економија, бизнисот и други релевантни области.
Тоа е научно списание кое излегува семестрално, а како издавач се јавува Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Економски Факултет – Скопје. Трудовите се објавуваат во електронска и печатена форма.
Во списанието ќе бидат објавувани оригинални научни трудови, прелиминарни комуникации, трудови од конференции, рецензирани статии и професионални трудови. Од посебен научен придонес се трудовите кои ги истражуваат економските и деловните прашања на растечките економии.
Уредувачкиот одбор се состои од еминентни економисти од различни земји.
Сите научни трудови поднесени за објавување треба да бидат напишани на англиски јазик и подлежат на слепа рецензија од најмалку двајца еминентни научници. Предмет на разгледување се само оригинални необјавени трудови кои истовремено не се предмет на разгледување за публикување на друго место.