Наслов на наставниот предмет | Статистичка контрола на квалитетот |
Код | MST 250 |
Професор | Проф. д-р Весна Буцевска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
Со успешно совладување на наставата по овој предмет. студентите ќе можат:
- да ги разберат принципите на модерните статистички методи на контрола и унапредување на квалитетот;
- да ги користат стандардните средства на статистичката контрола на квалитетот за анализа на податоците за производите и услугите, со цел да утврдат дали процесите се под контрола или не;
- да се стекнат со знаења за современите деловни концепти, како што се TQM и Six Sigma;
- да можат точно да објаснат како методите на статистичка контрола на квалитет придонесуваат за подобрување на квалитетот на производите и услугите, намалување на трошоците на производство и зголемување на ефикасноста и конкурентноста на компанијата;
- со користење на компјутери да подготват висококвалитени графички и табеларни презентации за контрола на квалитетот во форма на стандардни контролни карти на квалитет;
- да ја разберат улогата на ЅРС со вкупната стратегија на контролата на процесите и компанијата
Содржина на предметната програма:
- Унапредување на квалитетот во современото бизнис окружување
- Oсновни концепти во статистиката и веројатноста
- Методи и филозофија на статистичката контрола на процесот (SPC)
- Контролни карти за варијабли
- Контролни карти за атрибутивни белези
- Специјални контролни карти
- Способност на процесот и претходна контрола
- Други теми во врска со контролните карти и нивните примени
- Следење и контрола на повеќекратните процеси
- Планови на прием на примерок.
Решавањето на проблемите се спроведува со примена на статистичкиот софтеверски пакет Statgraphics.
Статистичка контрола на квалитет – предметна програма 2022/23