Статистички методи за бизнис и економија – студиска програма 2017/18

Цел на студиската програма од вториот циклус студии по Статистички методи за бизнис и економија е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на статистиката и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањети на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Унапредување на знаењето и зајакнување на аналитичките способности и обучувањето за користење на адекватни софтверски пакети со цел да бидат поефикасни во решавањето на квантитативните проблеми во економијата и бизнисот
  • За избор на најсоодвтените статистички, економетриски и други квантитативни методи при решавање на сложени проблеми од економијата и бизнисот.
  • Спроведување на анализа заснована на примена на повеќе методи и модели , толкување на резултатите од анализата и предлагање на економски и деловни одлуки.
  • Предвидувања на разни појави во економијата и бизнисот врз основа на статистички методи и модели и со користење на статистички софтвери.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Собирање на податоци и креирање на бази на податоци
  • Моделирање и примена на квантитативни и аналитички методи во економијата;
  • Примена на економетриски компјутерски пакети за обработка на податоци;
  • Носење на статистички заклучоци врз основа на информации од различни видови примероци и проценка на можните грешки при заклучувањето.
  • Креирање на економетриски модели и анализа на релациите помеѓу променливите;
  • Анализа на временски серии и проектирање на нивното движење во иднина;
  • Предвидување на движењата на економските временски серии;
  • Примена на статистичките методи во контролата и континуираното унапредување на квалитетот на процесите во производниот и услужниот сектор;

Способност за проценка:

  • Развивање на способност за идентификација на поврзаности во економијата и бизнисот и нивно моделирање
  • Развивање на способност за критичка анализа
  • Практична примена на статистичката и економетриската методологија во комплексната анализа на проблемите со кои се соочуваат економијата и бизнисот
  • Способност за примена на статистичките модели во предвидување на разни појави во економијата и бизнисот;
  • Способност за примена на методите во микро и макро економската анализа.

Комуникациски вештини:

  • Способност да дискутира за примена на соодветен метод при истражување на одреден економески или бизнис проблем
  • Способност да дискутира за добиените откритија, резултати и заклучоци од истражувањата направени со примена на статитичките методи и модели
  • Способност за професионална комуникација со експерти од соодветната област и учество во научно-истражувачки проекти

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските основи преку читање, слушање и меморирање, правилно организирање и користење на времето
  • Демонстрира способност за вклучување во активно учење, способност да се служи со научно-истражувачки методи и да користи релевантна литература во своите анализи
  • Способен е да анализира конкретни студии на случај и да анализира научни трудови од соодветната област

СеместарКодПредметЧасовиКредитиПредавачи
ЗимскиSTM 5999.2Финансиски менаџмент407Сашо Арсов
ЗимскиSTM 512Математичка статистика407Игор Ивановски
ЗимскиSTM 5999.3Избрани проблеми од микро и макро економија407Таки Фити
ЗимскиSTM UKIMИзборен предмет од Листа на УКИМ402
ЛетенSTM 514Напредна економетрија407Весна Буцевска
ЛетенSTM 516Статистичка контрола на квалитет407Весна Буцевска
ЛетенSTM 511Демографски методи407Марија Трпкова – Несторовска