Странските директни инвестиции и глобалните синџири на вредноста

Наслов на наставниот предметСтранските директни инвестиции и глобалните синџири на вредноста
Код EDF 530
ПрофесорПроф. д-р Ирена Кикеркова
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на предметот, студентите треба:

  • да владеат со најновите теории од областа на меѓународното движење на капиталот во вид на странски директни инвестиции (СДИ);
  • да го разберат теоретскиот концепт и практичните аспекти на делувањето на транснационалните корпорации (ТНК) како доминантни инвеститори на капитал во вид на СДИ во глобалната економија, а со тоа и како носители на глобализациските текови;
  • да бидат способни да извлекуваат соодветни аналитички и логични заклучоци во смисла на раздвојување на поимите транснационални и мултинационални компании не само од терминолошки туку и од суштински аспект;
  • да го сфатат концептот, суштината, сличностите и разликите меѓу глобалните синџири на снабдување и глобалните синџири на вредноста;
  • да бидат способни да го елаборираат занчењето и важноста на вклучувањето на малите и на средните претпријатија од економиите-увозници на капитал во вид на СДИ во глобалните синџири на вредноста;
  • да се оспособат за критичко размислување и носење на релевантни заклучоци за позитивното и негативното влијание на СДИ врз економската структура, билансот на плаќањата и долгорочниот економски раст и развој на економиите – увозници на СДИ;
  • да сфатат зошто во современото меѓународно окружување за долгорочно стекнување на поволни позиции во меѓународната економија од посебно значење е не само активното учество во увозот на капиталот туку и во извозот на капиталот во вид на СДИ;
  • да се стекнат со најнови информации за улогата и значењето што слободните економски зони ја имаат во меѓународното движење на капиталот во вид на СДИ и во глобалните синџири на вредноста.

Содржина на предметната програма:

  • Дефинирање на поимите: транснационални компании, странски директни инвестиции и глобализација
  • Теории за СДИ
  • Мотиви за извоз на капитал во вид на СДИ
  • Мотиви за увоз на капитал во вид на СДИ
  • Противречностите на одобрувањето погодности (incentives) за зголемување на атрактивноста на националната економија за СДИ
  • Анализа на современите текови на СДИ во глобалната економија – најголеми извозници и извозници на капитал по региони, по дејности и најголеми ТНК;
  • Индикатори и начини на мерење на транснационализацијата и на вкупното економско влијание што се остварува со движењето на капиталот во вид на СДИ
  • Глобализацијата и поимот на глобалните синџири за снабдување
  • Глобални синџири на снабдување vs глобални синџири на вредноста
  • Глобализација vs регионализација ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ – ЕДНОГОДИШНИ СТУДИИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
  • Најнови сознанија за улогата и влијанието на слободните економски зони врз движењето на капиталот во вид на СДИ
Странските директни инвестиции и глобалните синџири на вредноста – предметна програма 2022/23