Стратегиски менаџмент

Наслов на наставниот предметСтратегиски менаџмент
Код MGT 511
ПрофесорПроф. д-р- Љубомир Дракулевски
Вон. проф. д-р Александра Јанеска Илиев
Предуслови за запишување на предметотНема

Главната цел на овој предмет е да овозможи на учесниците да се запознаат со специфичните предизвици поврзани со стратегискиот менаџмент и соодветна поставеност на стратегијата во организацијата. Целта на овој предмет е да ги истражи и проучи теориите, принципите, концептите и практиките на во рамките на стратегискиот менаџмент Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување;
  • Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент;
  • Да го користат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент;
  • Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти;
  • Да го анализираат соодветно интерното и екстерното окружување на компаниите;
  • Да ги оценуваат соодветно стратегиските опции на компаниите
  • Да ги користат различните алатки поврзани формирањето на стратегијата

Содржина на предметната програма:

  1. Карактерот на стратегискиот менаџмент
  2. Менаџерите и стратегискиот менаџмент
  3. Проценка на екстерното окружување
  4. Проценка на интерното окружување
  5. Формулирање на стратегија
  6. Анализа и избор на стратегија
  7. Извршување на стратегијата
  8. Оценување и контрола на стратегијата
Стрaтегиски менаџмент – предметна настава 2022/23