Наслов на наставниот предмет | Трговско право |
Код | INT 110 |
Професор | Проф. д-р Димитар Гелев |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- да ја познаваат организацијата и работата на разните форми на трговските друштва, нивните активности, права и обврски на акционерите и содружниците, стечајот и ликвидацијата на трговските друштва;
- да ги идентификуваат основните карактеристики, битните елементи и правата и обврските кои произлегуваат од трговските договори;
- да ја совладаат стручната, теоретската и практичната терминологија од оваа област на трговското работење која им е неопходна за натамошното следење на наставата по другите дисциплини на другите студиски години.
Содржина на предметната програма:
Наставната содржина по предметот ги опфаќа сите видови на трговски друштва, како трговски субјекти, понатаму управувањето и раководењето на трговските друштва, нивните основни белези. Посебно се обработуваат правните односи меѓу содружниците, правните односи меѓу акционерското друштво и акционерите. Учеството во други трговски друштва (поврзани друштва, друштва во сопственост на државата и друштво со учество на државата, стечај и ликвидација на трговско друштво; странско трговско друштво; други стопански субјекти, право на конкуренција; индустриска сопственост, трговски договори; хартии од вредност. Наставата по овој предмет треба да им помогне на студентите теоретски и практично да се запознаат со работата на трговските друштва без кои не може да се замисли трговското работење.