Упис на година

Прв циклус

Запишување на семестар

При запишување на прв (зимски) и втор (летен) семестар, студентите слободно избираат од задолжителните и изборни предмети предвидени за овие семестри.

Информација: Крајни рокови за завршување на започната студиска програма по година — Отвори ЛИНК

Редослед при запишување

  1. Најпрво се запишуваат неположените задолжителни/изборни предмети од претходната година (во соодветниот зимски/летен семестар).
  2. Потоа се запишуваат задолжителните и изборните предмети од тековниот семестар.
Студент кој до август–септемвриската сесија не положил предмет од зимскиот семестар (или до јануарската сесија за летен), должен е повторно да го запише предметот во соодветниот семестар.

Промена на статус (кофинансирање)

Почнувајќи од учебната 2013/2014, студент запишан со партиципација на трошоците на прв циклус го губи статусот „државна квота“ и продолжува со кофинансирање ако:

  • ист предмет го запишува по трет пат, или
  • не положил најмалку 50% од запишаните кредити во семестарот до почеток на наредниот соодветен семестар.

Заверка и запишување нов семестар

Заверката се врши со потписи од предметните професори (редовно присуство и исполнети обврски). Заверката на тековниот и запишувањето нов семестар се врши на почетокот на зимскиот/летниот семестар, согласно календарот на активностите, во Службата за студентски прашања.

Втор циклус

Трет циклус

Сите уплати поврзани со докторски студии (стара програма) се вршат на следната сметка:

ПримачЕкономски факултет – Скопје
Трансакциска сметка100000000063095
Сметка на буџетски корисник1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма723011 – 41
Цел на дознакаУплата за одбрана на докторски труд по стара програма