Управувачко сметководство 2

Наслов на наставниот предметУправувачко сметководство 2
Код АCC 320
ПрофесорПроф. д-р Марина Трпеска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • Ги користат флексибилните планови и отстапувањата во насока на контрола во ентитетите
  • Користат релевантни информации за носење на одлуки за висината на цените во специфични ситуации
  • Користат целни цени и целни трошоци како стратегија на работење
  • Мерат резултати во децентрализирани организации
  • Пресметуваат трансферни цени
  • Ги применуваат техниките на капиталното буџетирање за носење на инвестициски одлуки
  • Прават анализа на финансиските извештаи и толкување на показателите со цел носење на информирани одлуки

Содржина на предметната програма:

  1. Флексибилни планови и контрола
  2. Стандардни трошоци и отстапувања
  3. Релевантни информации за одлуки поврзани со цени
  4. Целни трошоци и целни цени
  5. Сметководство на одговорноста
  6. Трансферни цени
  7. Капитално буџетирање
  8. Анализа на финансиски извештаи за потребите на менаџментот

Управувачко сметководство 2 – предметна програма 2022/23