Цели и значење на студиската програма
Целта на студиската програма е да им овозможи на студентите да стекнат современи и проширени знаења од областа на управувањето со јавниот сектор, економските политики и поврзаноста на јавниот со останатите сектори во економијата. Студентите ќе развијат специфични вештини за управување со процесите во јавниот сектор, имајќи ги предвид новите предизвици што произлегуваат од сé посложеното економско, технолошко и општествено окружување.
Контекст и потреба
Република Северна Македонија, како земја во развој, настојува да изгради стратегија за постигнување повисоки стапки на економски раст и забрзан општествен развој. Во оваа насока, јавниот сектор има особено значајна улога. Потребно е да се креираат и спроведуваат стратегии за реформирање и зголемување на ефикасноста на јавниот сектор преку:
- подобрување на квалитетот на јавните услуги,
- соодветна економска и социјална регулација,
- јакнење на кадровските капацитети преку вложување во нови знаења,
- дигитализација на процесите и активностите,
- поттикнување на локалниот економски развој преку јавно-приватни партнерства и одговорно финансирање на јавни проекти,
- развој на интерактивна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор.
Потреба од нови знаења и компетенции
Сето ова создава јасна потреба од студиска програма на втор циклус студии за управување во јавниот сектор, која ќе обезбеди соодветни знаења, способности и вештини во рамките на економските науки. Овие знаења се неопходни за сите кои работат во јавниот сектор, каде што се дизајнираат и спроведуваат макроекономски и микроекономски политики и структурни реформи насочени кон одржлив економски раст и развој.
Истовремено, постои потреба од научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување.
Структура и исходи
Студиската програма е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од областа на јавните политики и управувањето со јавните претпријатија. По завршувањето на студиите, студентите ќе располагаат со знаења, вештини и компетенции за кариера во повеќе дисциплини, како што се:
- управување со локален економски развој,
- анализа и оценка на макроекономски и микроекономски политики,
- анализа на јавни инвестициони проекти,
- развој на стратегии и политики за бизнис регулација,
- управување со централни и локални финансии,
- развој на социјални програми и политики,
- управување со јавни набавки,
- јакнење на менаџерските капацитети во јавните претпријатија,
- развој на маркетинг и комуникациски стратегии во јавните институции,
- управување со процеси на дигитализација во јавниот сектор.
Кариерни можности
Студиската програма ги подготвува студентите за успешна кариера во јавниот сектор – јавни претпријатија, министерства, регулаторни институции, државни агенции и единици на локална самоуправа. Магистрантите ќе стекнат способности за анализа и евалуација на стратегии и политики за економски раст и развој, привлекување странски инвестиции и обезбедување различни извори на финансирање. Дополнително, тие ќе ги развијат своите претприемнички и менаџерски вештини за успешно справување со предизвиците во современото функционирање на јавниот сектор.
Код на предметот | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | Б | ||||
Задолжителни предмети | |||||
PSM 511 | Економија на јавниот сектор | Прв | 24 | 16 | 6 |
PSM 517 | Локален економски развј | Прв | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет | Прв | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет | Прв | 24 | 16 | 6 | |
PSM 514 | Државата и бизнисот | Втор | 24 | 16 | 6 |
PSM 516 | Човечки ресурси во јавниот сектор | Втор | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Магистерски труд | Магистерски труд | 18 | |||
Изборни предмети | |||||
PSM 518 | Анализа на јавните политики | Прв | 24 | 16 | 6 |
PSM 519 | Јавно–приватно партнерство | Прв | 24 | 16 | 6 |
PSM 522 | Државни и локални јавни финансии | Прв | 24 | 16 | 6 |
PSM 524 | Управување со јавните набавки | Прв | 24 | 16 | 6 |
PSM 512 | Стратегиски менаџмент | Прв | 24 | 16 | 6 |
PSM 515 | Финансиски менаџмент во јавниот сектор | Втор | 24 | 16 | 6 |
PSM 520 | Управување во јавните претпријатија | Втор | 24 | 16 | 6 |
PSM 521 | Управување со знаењето во јавниот сектор | Втор | 24 | 16 | 6 |
PSM 523 | Социјални политики и програми | Втор | 24 | 16 | 6 |
PSM 525 | Политики на дигитализација во јавниот сектор | Втор | 24 | 16 | 6 |
PSM 526 | Маркетинг и комуникации во јавниот сектор | Втор | 24 | 16 | 6 |