Управување со системи

Наслов на наставниот предметУправување со системи
Код ECN 250
ПрофесорПроф. д-р Предраг Трпески
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ги разберат општите законитости на управувањето како универзален феномен;
  • да ја осознаат корисноста на примената на системскиот пристап и системската динамика во третирањето на практичните економски проблеми;
  • да ги користат информационите повратни кола во процесите на припремање и донесување одлуки;
  • да ги поврзат сознанијата од интердисциплинарните области во моделирањето на економските процеси;
  • да стекнат сознание за значењето на системската анализа во проектирањето на економските системи;
  • да се оспособат за креативен однос во системското третирање на краткорочните и долгорочни економски појави на микро и макро ниво.

Содржина на предметната програма:

  1. Управувањето како универзален феномен
  2. Интердисциплинарен пристап кон современите појави
  3. Основни категории: од систем до динамични повратни кола
  4. Нови простапи кон управувањето со економските системи
  5. Информациските системи како основа на управувањето
  6. Одлучување како најважна управувачка активност
  7. Економската наука за динамиката на економските процеси
  8. Самокорегирачки сили на економијата
  9. Движење и развој на економијата
  10. Управување со системот на развојни промени
  11. Основни управувачки повратни врски
  12. Систем на управувачки инструменти.

Управување со системите – предметна програма 2022/23