Наслов на наставниот предмет | Финансиски менаџмент |
Код | MGT 390 |
Професор | Проф. д-р Сашо Арсов Проф. д-р Александар Наумоски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- Да изработат финансиска анализа за една компанија, да ги интерпретираат добиените финансиски показатели и да дадат сопствена оценка за финансиската состојба на компанијата или на одделни нејзини аспекти;
- Да ги изработат и користат финансиските плански документи како основа за донесување финансиски одлуки;
- Да ги применуваат техниките за оценка на ефикасноста на капиталните вложувања и да ја проценат ефикасноста на предложените инвестициски проекти.
- Да ги разбираат карактеристиките на одделните видови долгорочни хартии од вредност како извори на финансирање на претпријатието и да ја утврдат нивната вредност;
- Да умеат да ја утврдат цената на капиталот на одделните извори на финансирање, како и просечниот трошок на капиталот користејќи ги општо прифатените концепти за вреднување;
- Да ги анализираат и препознаваат ефектите на одделните видови дивидендна политика врз остварувањето на целите на финансискиот менаџмент, во согласност со теоретските поставки и докажаните практични импликации.
Содржина на предметната програма:
- Вовед и основни концепти на финансискиот менаџмент
- Осврт кон финансиските извештаи
- Финансиска анализа
- Финансиско планирање
- Временска вредност на парите
- Оценка на ефикасноста на капиталните вложувања
- Долгорочно финансирање
- Вреднување на долгорочни хартии од вредност
- Принос, ризик и основни концепти на портфолио менаџментот
- Хибридни хартии од вредност и финансиски деривативи
- Управување со обртните средства
- Краткорочно финансирање
- Цена (трошок) на капиталот
- Структура на капиталот
- Дивидендна политика
- Спојувања, преземања и други облици на преструктурирање