Финансиско сметководство

Наслов на наставниот предметФинансиско сметководство
КодACC 210
ПрофесорПроф. д-р Атанаско Атанасовски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

Совладување на практичната анализа, евиденција и книжење на сметководствените трансакции со помош на пропишаниот контен план
Примена на основните сметководствени принципи и претпоставки, прифатените сметководствени стандарди и законската регулатива во изработката на финансиските извештаи за општа намена
Да ги применат прифатените правила за сметководственото вреднување и прикажување на различните средства, обврски и елементи на капиталот
Соодветно признавање на приходите и спротивставување на расходите и подготовка на извештаи за резултатите за различни корисници на информации

Содржина на предметната програма:

  1. Поим и улога на финансиското сметководство
  2. Процес на сметководствена евиденција
  3. Финансиски извештаи
  4. Материјални нетековни средства
  5. Нематеријални средства
  6. Залихи
  7. Парични средства и побарувања
  8. Финансиски вложувања
  9. Обврски и резервирања
  10. Капитал
  11. Признавање на приходите и расходите
  12. Утврдување и известување за резултатите
  13. Сметководствена анализа на финансиските извештаи

Финансиско сметководство – предметна програма 2022/23