Наслов на наставниот предмет | Хартии од вредност и портфолио менаџмент |
Код | FIN 320 |
Професор | Проф. Д-р Владимир Филиповски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
- Знаење и разбирање на основните концепти на финансиско инвестирање
- Разбирање на економските функции и институтионалната структура на пазарите на хартии од вредност
- Знаење и разбирање на основите на портфолио теоријата
- Способности за анализа на односот на инвеститорот кон приносот и ризикот преку функцијата на очекувана корисност
- Способности за анализа на диверсификацијата на ризикот преку конструкција на портфолија на хартии од вредност
- Разбирање на Моделот за вреднување на капиталските имоти и способност за аналитичко користење на поврзаноста на очекуваниот принос на една хартија од вредност со коефициентот на систематски ризик (бета) и пазарната премија за ризик
- Знаење и разбирање на алтернативните аналитички модели на пазарот на хартии од вредност: индексни модели, модели засновани на арбитража.
- Знаење и разбирање на Хипотезата за ефикасни пазари на хартии од вредност и нејзините практични импликации
- Знаење и разбирање на основите на Бихејвиоритичките финансии и инивните импликации за вреднување на хартиите од вредност
- Способности за применета квантитативна анализа и вреднување на обврзниците
- Способности за применета квантитативна анализа и вреднување на акциите
- Знаење и разбирање на факторите за вреднување и начините на користење на опциите како деривативни финансиски инструменти
- Знаење и разбирање на одредувањето на фјучерс цените и соодносите на фјучерс цените и на спот цените на примарните инструменти на пазарите на фјучерс договори
- Разбирање на процесот на професионално управување со портфолија на хартии од вредност, способност за формулирање на инвестициските цели, разбирање на различните инвестициони стратегии и индикаторите за мерење на перформансите на портфолио менаџерите
Содржина на предметната програма:
- Основни концепти на финансиски инвестиции
- Пазари на хартии од вредност – економски функции и пазарни институции
- Портфолио теорија и диверсификација на ризикот
- Функција на очекувана корисност и крива на индиференција на принос/ризик
- Диверсификација на ризикот и Граница на ефикасни портфолија 283 Наставна програма 2022-2023
- Одредување на оптимално портфолио на инвеститорот
- Моделот на вреднување на капиталските средства (Capital Asset Pricing Model) и индексен модел
- Очекуваната стапка на принос како функција на систематсиот ризик – Модел за вреднување на капиталски имоти
- Модел за вреднување заснован на арбитража
- Индексен емпириски модел на приносите на ХВ
- Хипотеза за ефикасни пазари и нивоа на информациска ефикасност на пазарите на ХВ
- Бихејвиористички финансии и отстапувањата од информациски ефикасните пазари
- Вреднување на обврзници
- Фундаментална вредност на обврзница,
- Стапки на принос кај обврзниците (Bond yields)
- Времетраење на обврзниците (Bond duration) и управување со каматниот ризик
- Кредитен рејтинг и управување со кредитниот ризик
- Вреднување на акции
- Фундаментална вредност на акција
- Методи на вреднување заснован на дисконтирање на дивиденди
- Методи на вреднување засновани на пазарни мултипликатори
- Опции како деривативни финансиски инструменти
- Фактори кои влијаат при вреднувањето на опциите o Инвестициони стратегии со користење на опциони договори
- Фјучерси како деривативни финансиски инструменти
- Хеџирање и шпекулирање со користење на фјучерс договори
- Фактори за одредување на односот: фјучерс цена – спот цена
- Хипотези за соодносот на фјучерс цените и идните очекувани спот цени
- Анализа на фјучерс договори кои базираат на пазарни индекси на акции
- Процесот на управување со портфолија на ХВ – портфолио менаџмент
- Цели на инвестирањето во ХВ
- Инвестициски стратегии
- Мерење на перформансите на портфолио менаџерите
Хартии од вредност и портфолио менаџмент – предметна програма 2022/23