Катедра за Маркетинг

snezana.ristevska-jovanovska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286 848

Приемно време:

Петок: 08:00 – 09:00 ч. и 13:00 – 15:00 ч.

д-р Снежана Ристевска-Јовановска

Редовен професор

Родена е во 1966 година во Охрид.

Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје во 1988 година. Магистрирала во 1991 година а докторирала во 1995 година на Економскиот факултет во Скопје.

На Економскиот факултет работи од 1990 година како асистент се до изборот во звањето доцент во Април, 1996. Во 2001 година е избрана во звањето вонреден професор, а во 2006 година за редовен професор.

Нејзина научна преокупација е маркетингот, особено дистрибуцијата, политиката на цени и однесувањето на потрошувачите.

Има објавено преку 70 статии во земјата, а со над 20 научни статии учествувала на меѓународни симпозиуми, во земјата и во странство.

Во текот на својот работен век била активно вклучена во работата на повеќе стручни тела, органи и комисии.

Од 1990 година до 2006 година била Секретар на Катедрата по Маркетинг. Од основањето до мај 2004 била секретар на Македонското маркетинг здружение “Маркетинг”, а оттогаш па се до денес е потпретседател на здружението. Од март 2007 е Раководител на последипломскиот студиум по Маркетинг, а од август 2008 е Раководител на Катедрата по Маркетинг.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.

Предмет Насоки Степен
Основи на маркетинг Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Маркетинг на услужни дејности Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Однесување на потрошувачите Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Стратегиски маркетинг Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Дистрибуција со методи на продажба Маркетинг Втор циклус студии
Маркетинг на услужни дејности Маркетинг Втор циклус студии
Принципи на Маркетингот Маркетинг Втор циклус студии
Однесување на потрошувачите Маркетинг Втор циклус студии