Катедра за Маркетинг

ivona.serafimovska@eccf.ukim.edu.mk

Ивона Серафимовска

Демонстратор

Ивона Серафимовска е родена на 24 август 2000 година во Скопје. По завршувањето на средното образование во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Ивона продолжува со високо образование на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2023 година дипломира на департманот Маркетинг, со просечен успех 9,59. Со одбрана на својот завршен труд под наслов: “Маркетинг преку инфлуенсери: значење, видови и доверба во инфлуенсерите“, се стекнува со стручен назив: дипломиран економист. За време на студиите посетува практична работа во повеќе компании, од каде ги стекнува клучните практични вештини од областа на маркетингот, особено во сферата на дигиталниот маркетинг, анализа на пазарот и развој на маркетинг стратегии. Истата година, Ивона се запишува и на вториот циклус на студии при Економски факултет-Скопје, на студиската програма по Маркетинг.

Од 2024 година, ангажирана е како демонстратор на катедрата за Маркетинг, учествувајќи во подготовка и изведување на вежби, консултации со студенти и активно соработувајќи со професорите во креирањето на наставнте активности. Дополнително, таа активно учествува во научни и стручни истражувања и објавува научни трудови.