
Катедра за Економија
daniela.mamucevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-866
Приемно време:
Среда: 13:00 – 14:00
Четврток: 12:00 – 13:00
д-р Даниела Бојаџиева
Редовен професор
-
Резиме
-
Предмети
-
Публикации
-
Академски и професионални активности
Биографија
Д-р Даниела Бојаџиева е родена во Скопје. Во студиската 1996/97 година се запишала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и дипломирала во септември 2000 година со просечна оценка 9.30 на отсекот Финансии и банкарство.
Во јануари 2007 година ги завршила постдипломските студии по Монетарна економија на Економскиот факултет – Скопје и се стекнала со звањето магистер по економски науки.
Во периодот септември 2007 – септември 2008 година ги завршила вторите постдипломски студии на Факултетот за економија и бизнис, РУГ Универзитет во Гронинген, Холандија.
Докторската дисертација на тема „Модели на регулација на монополското однесување на пазарот“ ја одбранила на 24.04.2013 година на Економскиот факултет во Скопје, со што се стекнала со титулата доктор по економски науки.
Научна и стручна активност
- Автор на повеќе од 30 научни и стручни трудови, објавени во зборници од конференции, монографии и списанија.
- Учествувала на над 20 конференции, симпозиуми, работилници и научни трибини.
- Реализирала студиски престои во Будимпешта, Холандија и Франција.
- Учествувала во повеќе домашни и меѓународни проекти.
Стипендии и членства
- Добитник на три стипендии – две од Владата на Република Македонија (додипломски и постдипломски студии) и една од Владата на Холандија (NUFFIC програма).
- Член на повеќе алумни мрежи и професионални асоцијации.
Истражувачки интереси
- Микроекономија и макроекономија
- Политика за заштита на конкуренцијата
- Регулација на монополизирани дејности
- Политика на цени и ценовни стратегии
- Индустриска политика и организација
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Микроекономија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Маркетинг политика на цени | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Спојувања и аквизиции помеѓу компаниите | Корпоративен финансиски менаџмент | Втор циклус студии |