Катедра за Математика и Статистика

vesna.bucevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-880

Приемно време:

/

д-р Весна Буцевска

Редовен професор

Биографија

Проф. д-р Весна Буцевска е родена на 18.02.1971 година во Скопје.
Дипломирала на Економскиот факултет – Скопје во 1993 година.
Во февруари 1995 година се вработува на Економскиот факултет – Скопје како помлад асистент по статистика и економетрија.

Магистерската теза под наслов „Особини на статистичките тестови“ ја одбранила во 1999 година на Економскиот факултет – Белград и се стекнала со звање магистер по статистички науки.
Докторската дисертација „Статистички концепти и техники во процесот на контрола и управување со квалитетот“ ја одбранила во 2002 година на Економскиот факултет – Скопје, стекнувајќи звање доктор на економски науки.

Академска кариера

  • Асистент (2000) – статистика
  • Доцент (2002) – економетрија
  • Вонреден професор (2007) – економетрија
  • Редовен професор (2012, повторно избрана 2017) – економетрија и финансиска економетрија

Наставна активност

  • Прв циклус: Економетрија, Финансиска економетрија, Статистичка контрола на квалитет
  • Втор циклус: Теоретска економетрија, Напредна економетрија, Статистичка контрола на квалитет
  • Трет циклус: Статистички методи за бизнис и економија, Демографија

Меѓународно искуство

Реализирала студиски престои на:

  • Универзитет Минхен (Институт за статистика)
  • Универзитет Кембриџ (Математичка статистика)
  • Чалмерс Универзитет – Гетеборг
  • Универзитет Бокони – Милано
  • Универзитет Рома Тре – Рим
  • Универзитет Карлос III – Мадрид
  • Универзитет Јоханес Гутенберг – Мајнц
  • Југозападен универзитет за финансии и економија – Ченгду, Кина

Во рамки на програмата Erasmus+ одржала предавања на универзитетите во Берлин (Freie Universitaet), Загреб и Љубљана, како и на Руската царинска академија во Москва.

Научен и истражувачки интерес

  • Економетрија и финансиска економетрија
  • Статистика
  • Статистичка контрола на квалитет

Автор е на 5 рецензирани учебници (еден на англиски јазик), 2 учебни помагала на македонски и 6 на англиски, како и над 120 научни трудови во меѓународни списанија. Учествувала на бројни конференции и научни собири.

Признанија

Добитник на наградата за најдобар научник од областа на општествените науки на УКИМ за 2017 година.

Јазици и дигитални вештини

  • Англиски – напредно
  • Германски – напредно
  • Кинески – средно ниво

Вешта со софтвери: EViews, Statgraphics, SPSS, SAS, Minitab, Reuters EcoWin Pro, NetOp School.

Функции и раководни улоги

  • Продекан за наука и меѓународна научна соработка (2013–2018)
  • Раководител на студиската програма „Статистички методи за бизнис и економија“ (втор и трет циклус)
  • Координатор на TEMPUS проект (2006–2009)
  • Главен и одговорен уредник на Journal of Contemporary Economic and Business Issues (од 2013)
  • Член на меѓународни уредувачки одбори: Statistical Review, Proceedings of the Faculty of Economics – Zagreb, CREBSS
  • Директор на Информативен центар на ЕУ „EUi“ (2009–2012)
  • Член на Советот за статистика на Р. Македонија (2007–2011, 2012–2016, 2019– )

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.

Предмет Насоки Степен
Економетрија Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Теоретска економетрија Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Напредна економетрија Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Статистичка контрола на квалитет Статистички методи за бизнис и економија Втор циклус студии
Финансиска економетрија Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Статистичка контрола на квалитетот Статистички методи за бизнис и економија (двегодишни студии) Втор циклус студии
Статистичка контрола на квалитет Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис Прв циклус студии
Финансиска економетрија Корпоративен финансиски менаџмент Втор циклус студии