Маркетинг – втор циклус студии 2022/2023

Цели на студиската програма

Студиската програма има за цел студентите да стекнат:

  • продлабочени знаења за теоретските аспекти, стратегиите и практичната примена на маркетингот;
  • способности и вештини за анализа и имплементација на современи маркетинг стратегии.

Современото пазарно окружување се карактеризира со интензивни промени. Глобализацијата, новите информациски технологии, дигиталните канали на дистрибуција и комуникација значително ја менуваат перспективата на маркетингот. Очекувањата на потрошувачите се трансформираат со брзо темпо, пред сè поради зголемениот пристап до информации врз основа на кои тие ги носат своите одлуки за купување. За да ги задоволат и надминат овие очекувања, компаниите имаат потреба од стручни кадри со знаење и практични компетенции од областа на маркетингот.


Важност и структура на програмата

Програмата на втор циклус студии по Маркетинг е дизајнирана да им овозможи на студентите да ги трансформираат пазарните можности и предизвици во конкурентски предности за институциите во кои ќе работат.

Студиската програма нуди знаења и вештини кои се компатибилни со современите пазарни предизвици и кои се клучни за:

  • дизајнирање нови производи и услуги,
  • спроведување маркетинг-истражувања и анализа на податоци,
  • развој и реализација на маркетинг-комуникациски активности,
  • креирање маркетинг стратегии во јавниот и приватниот сектор.

Програмата е структурирана така што им овозможува на студентите да стекнат квалификации од пошироката област на маркетингот, подготвувајќи ги за работа во различни кариерни дисциплини: рекламирање и комуникации, дигитален маркетинг, развој на производи, бренд-менаџмент, иновации, стратегиски маркетинг и маркетинг-истражување.


Кариерни можности

По завршувањето на студиите, студентите ќе бидат подготвени за успешна кариера во:

  • приватниот сектор (мали и средни претпријатија, големи корпорации, странски застапништва),
  • јавниот сектор,
  • банки и финансиски институции,
  • маркетинг и ПР агенции,
  • агенции за истражување на пазарот,
  • високообразовни и научно-истражувачки институции.

Компетенции на магистрантите

Магистрантите ќе стекнат способности и квалификации за:

  • креирање стратегии за настап на пазарот,
  • развој на иновативни производи и иницијативи,
  • примена на квалитативни и квантитативни методи за маркетинг-истражување,
  • презентирање и интерпретација на резултати од истражувања,
  • планирање и спроведување на маркетинг-комуникациски активности,
  • анализа на податоци од социјални медиуми,
  • развој на дигитални маркетинг-стратегии,
  • анализа на меѓународното пазарно окружување,
  • дефинирање ефективни политики на цени.

Со стекнатите знаења и практични вештини, студентите од оваа студиска програма ќе бидат целосно подготвени да придонесат кон развојот и унапредувањето на современите маркетинг практики во секоја институција и сектор.

КодНазив на наставниот предметСеместар Неделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
МКТ 541Принципи на маркетингПрв24166
МКТ 546Маркетинг-менаџментПрв24166
МКТ 547Методи на маркетинг-истражувањеПрв24166
MKT 544Иновација на производПрв24166
Изборен предмет Втор24166
Изборен предмет Втор24166
Изборен предмет Втор24166
Магистерски трудМагистерски труд18
Изборни предмети
MKT 542Однесување на потрошувачитеВтор24166
МКТ 543Маркетинг-комуникации и брендирањеВтор24166
МКТ 545Дистрибуција со методи на продажбаВтор24166
МКТ 548Меѓународен маркетингВтор24166
МКТ 549Маркетинг на услугиВтор24166
МКТ 5410Стратегии на цениВтор24166
МКТ 5411Дигитален маркетинг и интернет технологииВтор24166
МКТ 5412НевромаркетингВтор24166
МКТ 5413Аналитика на социјални медиумиВтор24166