ОПШТО ЗА ПРОФИЛОТ: ДИПЛОМИРАНИОТ ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАНОТ ПО ЕКОНОМИЈА Дипломираниот економист на департманот по Економија е оспособен да ги анализира и разбере клучните микроекономски и макроекономски феномени и процеси и да ги оценува алтернативни решенија за основните економски проблеми на алокација на ресурсите, со кои се соочуваат како поединечните економски субјекти, така и вкупната економија како целина. СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ Дипломираните економисти на департманот по Економија се оспособуваат да вршат економски анализи и да работат на решавање практични економски проблеми во различни форми на претпријатија и деловни организации, приватни и јавни, и во државни институции, односно:
- државни и други институции и државна администрација (парламент, влада, министерства за финансии, економија и сл., локални самоуправи, управа на јавни приходи, агенција за регионален развој и сл.);
- регулаторни институции од областа на економската и општествената регулација;
- централната банка, комерцијални банки и други финансиски институции;
- дипломатско-конзуларни претставништва на државата во странство;
- берзи на хартии од вредност;
- меѓународни организации (нивни претставништва во нашата земја или во други земји);
- научни и образовни институции (универзитети, факултети, истражувачки институти, средни економски и трговски училишта и сл.);
- јавни претпријатија во инфраструктурните дејности (електростопанство, пошта, железница, комунални дејности), во образованието, здравството и сл.;
- приватни претпријатија: мали претприемнички фирми, средни фирми и големи акционерски друштва и сл.
ОПШТИ И СПЕЦИФИЧНИ ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИЈАТА Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини: 1) Знаење и разбирање:
- Студентите ќе се оспособат да ги анализираат основните макроекономски агрегати и да ја утврдат нивната меѓусебна динамичка меѓузависност;
- Студентите ќе се стекнат со знаење и вештини за современа микроекономска анализа на поединечни бизниси и различни пазарни структури во кои дејствуваат бизнисите;
- Студентите ќе се оспособат критички да ја анализираат компатибилноста, ефикасноста и импликациите од економските политики и нивните инструменти;
- Студентите ќе се стекнат со знаење и вештини да ги анализираат современите економски процеси во националните економии, регионалните економски интеграции и светската економија.
2) Примена на знаењето и разбирањето:
- Да се дијагностицираат пазарните случувања, да се предвидат тенденциите на тие случувања и да се анализираат ефектите на економските политики врз микроекономските агенти и врз пазарните движења;
- Да се пресметаат основните макроекономски агрегати и биланси и критички да се анализараат постојните макроекономски политики;
- Да се направи критичка анализа на институционалната структура на економскиот систем и мотивите и поттиците кои тој ги креира за економските субјекти;
- Да се применат квантитативните методи на макроекономската и микроекономската анализа во формулирање на нови пристапи и во анализата на постојните модели на економски раст во националните економии;
- Да се даде критичка анализа на развојните економски политики и нивната примена во националното стопанство;
- Да се анализираат општите процеси на економскиот развој во светот (посебно процесите на регионализација и глобализација на светските економски текови) и нивното влијание врз националната економија.
3) Способност за проценка:
- Способност за набљудување и разбирање на економските движења и процеси, како и идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за анализирање на економските појави и процеси;
- Способност за оценка на теоретски знаења и избор на аналитички методологии и алатки во клучните подрачја на економската наука;
- Способност за анализа и интерпретација на податоците и информациите за определени економски движења и промени и нивна примена за решавање на определени економски проблеми.
4) Комуникациски вештини:
- Соодветна професионална комуникација за воспоставување соработка и презентирање на резултатите од спроведените анализи и истражувања;
- Способност за независно учество во научни дискусии, иницирање и водење истражувачки активности, тимска работа, критичко размислување, почитување на спротивните ставови и активно слушање на соговорникот;
- Успешна примена на принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
5) Вештини на учење:
- Развивање вештини за учење, интерактивна дебата, набљудување, базични истражувања и анализи.
- Вештини за критичко оценување на соодветноста на методите на учење, како и на нивното влијание врз стекнувањето знаења, вештини, компетентност и примена на знаењата во практика;
- Способност за идентификување на сопствените потреби за континуирана едукација и професионален развој (последипломски, докторски студии) во областа на микроекономијата и макроекономијата и преземање иницијатива за стекнува со нови знаење и вештини.
Задолжителни предмети
Година | Семестар | Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
---|---|---|---|---|---|---|
Прва | Зимски | 1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
Прва | Зимски | 2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
Прва | Зимски | 3 | ACC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
Прва | Летен | 5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
Втора | Зимски | 1 | ECN 210 | Макроекономија | 6+0 | 8 |
Втора | Зимски | 2 | ECN 220 | Микроекономија | 6+0 | 8 |
Втора | Зимски | 3 | ECN 240 | Економика на Македонија | 6+0 | 8 |
Втора | Летен | 4 | ECN 230 | Економија на социјалната држава | 6+0 | 8 |
Втора | Летен | 5 | ECN 250 | Економија на трудот | 6+0 | 8 |
Трета | Зимски | 1 | ECN 310 | Економија на инвестиции | 6+0 | 8 |
Трета | Зимски | 2 | ECN 320 | Економски раст и развој | 6+0 | 8 |
Трета | Зимски | 3 | ECN 330 | Економетрија | 6+0 | 8 |
Трета | Летен | 4 | ECN 350 | Развој на економската мисла | 6+0 | 8 |
Трета | Летен | 5 | ECN 340 | Регионална и урбана економија | 6+0 | 8 |
Четврта | Зимски | 1 | ECN 440 | Методи на макроекономската анализа | 6+0 | 8 |
Четврта | Зимски | 2 | ECN 420 | Економија на јавниот сектор | 6+0 | 8 |
Четврта | Зимски | 3 | FIN 230 | Јавни финансии | 4+2 | 8 |
Четврта | Летен | 4 | ECN 410 | Државна регулација на бизнисот | 6+0 | 8 |
Четврта | Летен | 5 | ECN 430 | Глобалната економија и економските системи | 6+0 | 8 |
Изборни предмети
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР
- Аграрна политика
- Аналитика на бизнис податоци
- Банкарски менаџмент
- Деловна етика
- Демографија
- Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
- Европски економски интеграции
- Економетрија
- Економија на инвестициите
- Економија на јавниот сектор
- Економика на Македонија
- Економски раст и развој
- Индустриска политика
- Интегрирани маркетинг комуникации
- Jавни финансии
- Квантитативни методи во финансии
- Корпоративно финансиско известување
- Лични финансии
- Макроекономија
- Маркетинг истражување
- Маркетинг менаџмент
- Меѓународен маркетинг
- Меѓународни организации и интеграции
- Меѓународни трговски трансакции
- Меѓународни финансии
- Менаџмент на информациони системи
- Менаџмент на човечки ресурси
- Методи на макроекономската анализа
- Микроекономија
- Монетарна и фискална политика во ЕУ
- Надворешна трговија
- Национални сметки
- Однесување на потрошувачите
- Оперативен менаџмент
- Операциони истражувања
- Сметководствени информациони системи
- Статистичка контрола на квалитет
- Стратегиски менаџмент
- Теорија на организација
- Управување со производот
- Финансиско сметководство
ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
- Анализа на временски серии
- Анализа на финансиски извештаии
- Банкарство
- Вовед во економија на животната средина
- Глобалната економија и економските системи
- Деловно комуницирање
- Деловно планирање
- Директен маркетинг
- Државна регулација на бизнисот
- Е-бизнис иновации
- Единствен пазар на ЕУ
- Економија на иновации
- Економија на трудот
- Економија на социјална држава
- Економска статистика
- Инвестиционен менаџмент
- Интерна ревизија
- Локални финансии
- Маркетинг на услуги
- Маркетинг преку социјални медиуми
- Меѓународен менаџмент
- Меѓународна економија
- Меѓународно сметководство
- Менаџмент во осигурување
- Менаџмент на мал бизнис
- Менаџмент на набавки
- Менаџмент на перформанси
- Менаџмент на промени
- Менаџмент на ризик
- Менаџмент на финансиски институции
- Монетарна економија
- Мултилатерален трговски систем
- Мултилатерална трговска регулатива
- Односи со јавноста
- Организациско однесување
- Основи на бизнис аналитика
- Политика на цени
- Претприемништво
- Проект менаџмент
- Развој на економската мисла
- Регионална и урбана економија
- Ревизија
- Сметководствени контролни системи
- Теории на надворешната трговија
- Теорија на одлучување
- Управување со маркетинг каналите
- Управување со системите
- Управувачко сметководство I
- Управувачко сметководство II
- Финансиска економетрија
- Финансиска и актуарска математика
- Финансиски пазари и институции
- Хартии од вредност и портфолио менаџмент
ЛИНК до Економија – студиска програма 2022/2023