Цел на студиската програма по МАРКЕТИНГ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на маркетингот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
- Демонстрира знаење во врска со маркетинг-инструментите во производните и услужните компании во насока на остварување на позитивни резултати во работењето .
- Покажува знаење кое е неопходно за идентификување на различните аспекти и фактори кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите и врз процесот на донесување одлука при купување.
- Демонстира знаење за процесот на маркетинг-планирање, формулирање и имплементирање на маркетинг-стратегиите и маркетинг-одлучувањето.
- Демонстрира знаење за стратегиите за иновација и воведување нов производ на пазарот, за стратегиите на дистрибуција и за маркетинг-каналите, за стратегиите и тактиките во формулирањето на политиката на цени и за маркетинг-комуникациските стратегии применувајќи пристап на интегрирани маркетинг-комуникации.
- Демонстрира знаење за комуникацијата со интерната и екстерната јавност и за комуницирањето преку директна комуникациска порака со фокус на маркетинг комуникациските активности преку е-маил.
- Демонстрира знаење за одделните фази од процесот на маркетинг-истражување и методите кои што се користат во маркетинг-истражувањето.
- Демонстрира знаење за одделните методи и алатки за анализа на податоците кои може да се обезбедат преку социјалните медиуми.
- Демонстрира знаење за концептот и примената на меѓународниот маркетинг.
- Демонстрира знаење за основните концепти и за целиот еко-систем на социјалните медиуми и нивниот импакт врз маркетинг-стратегиите на компаниите.
- Демонстрира знаење за процесот на создавање содржина за различни медиуми и за развивање маркетинг- стратегии на содржина.
Примена на знаењето и разбирањето:
- Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно ги идентификува и ги комбинира одделните инструменти на маркетингот на производ, односно услуга.
- Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно ги идентификува и ги разбира факторите кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите и врз процесот на донесување одлука при купување.
- Самостојно донесува одлуки за инструментите на маркетинг-комуникациите, за медиумите за комуникација, како и одлуки во врска со пораката и структурата на истата.
- Самостојно ги анализира маркетинг-стратегиите на компаниите и донесува најдобри маркетинг-одлуки во процесот на маркетинг-планирање.
- Самостојно донесува одлуки во врска со изборот и комуникацијата со целните групи јавност, селектирањето на купувачите, креирањето директна маркетинг-комуникациска порака и е-маил маркетинг-кампања врз основа на ситематизирани податоци за купувачите.
- Самостојно развива маркетинг-истражувачки проект и ги истражува и анализира одделните маркетинг- инструменти и однесувањето на потрошувачите, предлагајќи соодветни решенија.
- Самостојно ги применува одделните методи и алатки за анализа на податоците кои може да се обезбедат преку социјалните медиуми.
- Ги имплементира соодветните политики на производот.
- Способен е да направи анализа на алтернативните канали на дистрибуција и да направи избор на каналите кои ќе се користат во функција на остварување на целите на дистрибуција.
- Самостојно развива стратегија и тактика во врска со цените како инструмент на маркетингот.
- Самостојно развива стратегија за маркетинг преку социјални медиуми, имајќи ја предвид дигиталната маркетинг-стратегија.
- Самостојно развива креира содржини за различни медиуми и применува маркетинг на содржина со фокус на социјалните медиуми.
Самостојно да:
- Покажува способност за набљудување на маркетинг-процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за управување со овие процеси.
- Покажува способност за набљудување на однесувањето на потрошувачите и факторите кои што влијаат врз него.
- Покажува способност за набљудување на маркетинг-процесите кои се специфични кај услугите и за идентификување на релевантните информации, неопходни за управување со овие процеси.
- Покажува способност за анализа на маркетинг-комуникациските активности, за креирање маркетинг- комуникациска порака и за испраќање на пораката прилагодена на одделните инструменти и медиуми.
- Покажува способност за анализа на одделните маркетинг-стратегии и за интерпретација на резултатите од применетите маркетинг-стратегии.
- Покажува способност за развивање на план за комуникација со целните групи јавност, за користење на податоци за купувачите заради селектирање на купувачите, креирање директна-комуникациска порака и примена на е-маил маркетинг-кампања
- Покажува способност за идентификување и прибирање релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за истражување на маркетинг-појавите и процесите.
- Демонстрира способност за идентификување на релевантни податоци и методи и алатки за анализа на податоците кои може да се обезбедат преку социјалните медиуми.
- Демонстрира способност за имплементирање на стратегиите за позиционирање во одделните фази од животниот циклус на производот.
- Покажува способност за анализа и примена на глобалните маркетинг-стратегии.Демонстрира способност за анализа и проценка на стратегиите и тактиките во врска со цените како инструмент на маркетингот.
- Демонстрира способност за анализа и имплентација на маркетинг-активностите преку социјални медиуми и за креирање соодветна маркетинг-содржина наменета за офлајн и онлајн медиумите за комуникација.
Комуникациски вештини:
- Поседува способности за професионална дискусија во насока на аргументирање на предностите и слабостите на одделните маркетинг-стратегии и интерпретирање на очекуваните резултати од предложената маркетинг-стратегија.
- Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
- Поседува способности за презентирање и интерпретирање на резултатите од анализата на податоците од социјалните медиуми пред носителите на маркетинг-одлуки.
- Демонстрира способност за презентирање на одлуките во врска со стратегиите и тактиките на цени, производ и дистрибуција како инструменти на маркетинг-миксот.
- Поседува способности за презентирање на одлуките во врска со изборот и примената на соодветни маркетинг-комуникациски инструменти, соодветни медиуми за комуникација, како и одлуки во врска со пораката.
- Поседува способности за презентирање на одлуките во врска комуникацијата со одделните групи јавност, во врска со директната комуникациска порака и маркетинг-активностите преку е-маил врз основа на систематизирани податоци за купувачите.
- Демонстрира способност за презентирање на одлуките во врска со маркетингот преку социјални медиуми и маркетингот преку содржина за различни медиуми.
Вештини за учење:
- Ги препознава сопствените интереси во областа на маркетингот воопшто и на маркетинг на услуги, како во областа на однесувањето на потрошувачите и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.
- Демонстрира способност за критичка оцена на планираните маркетинг-активности, маркетинг-стратегии и очекуваните и планираните маркетинг-резултати и нуди оригинални решенија и предлози во врска со маркетинг-стратегијата и тактиката.
- Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи и методи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
- Демонстрира способност за критичка оцена на маркетинг-активностите во врска со производот, цената, дистрибуцијата и маркетинг-комуникациите како инструменти на маркетингот, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача во врска со маркетинг-миксот.
- Демонстрира способност за критичка оцена на комуникациите со одделните групи јавност, како и за маркетинг–активностите врз основа на податоците за купувачите, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача во различни теми од областа на комуникациите.
- Демонстрира способност за критичка оцена на одлуките во врска со маркетингот преку социјални медиуми како интегрален дел на дигиталниот маркетинг.
- Демонстрира способност за критичка оцена на креативните решенија за различни медиуми и на активностите во врска со маркетингот на содржина.
Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Маркетинг.
Прва година
| Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
|---|---|---|---|---|---|
| П | В | ||||
| Задолжителни предмети | |||||
| ECN 110 | Основи на економијата | Прв / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| ACC 110 | Основи на сметководство | Прв / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MST 110 | Математика за економисти | Прв / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Прв / Зимски | 4//6 | 2 / 0 | 7.5 | |
| EBU 110 | Основи на е-бизнис | Втор / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| INT 110 | Трговско право | Втор / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MST 120 | Статистика за бизнис и економија | Втор / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Втор / Летен | 4//6 | 2/0 | 7.5 | |
| Изборени предмети | |||||
| MGT 120 | Бизнис етика | Прв / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| INT 120 | Деловен англиски јазик | Прв / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 120 | Вовед во економија на животната средина | Втор / Летен | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 130 | Организациско однесување | Втор / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
Втора година
| Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделент фонд на часови | ЕКТС | |
|---|---|---|---|---|---|
| П | В | ||||
| Задолжителни предмети | |||||
| MKT 210 | Основи на маркетинг | Трет / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 220 | Однесување на потрошувачите | Трет / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 210 | Основи на менаџмент | Трет / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Трет / Зимски | 4//6 | 2 / 0 | 7.5 | |
| MKT 230 | Управување со маркетинг канали | Четврти / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 240 | Интегрирани маркетинг-комуникации | Четврти / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 430 | Бизнис комуникации | Четврти / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Четврти / Летен | 4//6 | 2 / 0 | 7.5 | |
| Изборни предмети | |||||
| EBU 210 | Дигитална економија | Трети | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 240 | Економика на Македонија | Трети | 6 | 0 | 7.5 |
| FIN 230 | Јавни финансии | Трети | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 240 | Менаџмент на човечки ресурси | Трети | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 220 | Микроекономија | Трети | 6 | 0 | 7.5 |
| MST 250 | Статистичка контрола на квалитетот | Трети | 4 | 2 | 7.5 |
| ACC 210 | Финансиско сметководство | Трети | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 270 | Бихевиористичка економија (Економија и психологија) | Четврти | 6 | 0 | 7.5 |
| EBU 240 | Дигитални иновации | Четврти | 4 | 2 | 7.5 |
| MST 210 | Економска статистика | Четврти | 4 | 2 | 7.5 |
| EBU 230 | Информациони технологии | Четврти | 4 | 2 | 7.5 |
| INT 210 | Меѓународна економија | Четврти | 6 | 0 | 7.5 |
| INT 220 | Meѓународни организации и интеграции | Четврти | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 260 | Менaџерско одлучување и решавање на проблеми | Четврти | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 230 | Менаџмент на мал бизнис | Четврти | 6 | 0 | 7.5 |
| MST 220 | Основи на бизнис аналитика | Четврти | 4 | 2 | 7.5 |
| FIN 220 | Пари и банкарство | Четврти | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 250 | Проект менаџмент | Четврти | 4 | 2 | 7.5 |
| ACC 220 | Управувачко сметководство 1 | Четврти | 4 | 2 | 7.5 |
| FIN 210 | Финансиски пазари и институции | Четврти | 6 | 0 | 7.5 |
Трета година
| Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
|---|---|---|---|---|---|
| П | В | ||||
| Задолжителни предмети | |||||
| MKT 310 | Маркетинг-менаџмент | Петти / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 320 | Управување со иновации и производ | Петти / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 330 | Маркетинг-истражување | Петти / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Петти / Зимски | 4//6 | 2 / 0 | 7.5 | |
| MKT 340 | Маркетинг на услуги | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 350 | Политика на цени | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| EBU 220 | Дигитален маркетинг | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Шести / Летен | 4//6 | 2 / 0 | 7.5 | |
| Изборни предмети | |||||
| EBU 310 | Бази на податоци за бизнис | Петти / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| INT 310 | Европски економски интеграции | Петти / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| ECN 330 | Економетрија | Петти / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 310 | Економија на инвестиции | Петти / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| ECN 320 | Економски раст и развој | Петти / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| FIN 310 | Меѓународни финансии | Петти / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 320 | Менаџмент информациони системи | Петти / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| INT 340 | Надворешна трговија | Петти / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 310 | Стратегиски менаџмент | Петти / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| MST 310 | Анализа на временски серии | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 330 | Бизнис планирање и претприемништво | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| INT 320 | Внатрешен пазар на ЕУ | Шести / Летен | 6 | 0 | 7.5 |
| EBU 330 | Дизајн и развој на веб | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 391 | Економија на иновации | Шести / Летен | 6 | 0 | 7.5 |
| EBU 340 | Менаџмент на бизнис процеси | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 340 | Менаџмент на перформанси | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| EBU 350 | Програмирање на бизнис апликации | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 350 | Развој на економската мисла | Шести / Летен | 6 | 0 | 7.5 |
| ACC 330 | Ревизија | Шести / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| FIN 320 | Хартии од вредност и портфолио менаџмент | Шести / Летен | 6 | 0 | 7.5 |
Четврта година
| Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
|---|---|---|---|---|---|
| П | В | ||||
| Задолжителни предмети | |||||
| MKT 410 | Меѓународен маркетинг | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 390 | Финансиски менаџмент | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| EBU 320 | Бизнис логистика | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Седми / Зимски | 4//6 | 2 / 0 | 7.5 | |
| MKT 420 | Креативност и маркетинг на содржина | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 430 | Аналитика на социјални медиуми | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 440 | Маркетинг преку социјални медиуми | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Осми / Летен | 4//6 | 2 / 0 | 7.5 | |
| DIPL5000 | Дипломски труд | Осми / Летен | 3 | ||
| Изборни предмети | |||||
| EBU 440 | Аналитика на бизнис податоци | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| FIN 410 | Банкарски менаџмент | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| EBU 410 | ЕРП системи | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 460 | Индустриска политика | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| MST 420 | Квантитативни методи во финансии | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 470 | Меѓународен менаџмент | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| INT 410 | Меѓународен транспорт и логистика | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 420 | Оперативен менаџмент | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| MGT 450 | Операциони истражувања и машинско учење за менаџмент | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| EBU 430 | Системска анализа и дизајн на информациски системи | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
| MKT 450 | Современи теми од комуникации | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| ACC 420 | Анализа на финансиски извештаи | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| ECN 410 | Државна регулација на бизнисот | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| EBU 450 | Е-бизнис дистрибутивни канали | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| FIN 450 | Избрани теми од финансии | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| ACC 430 | Интерна ревизија | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| INT 420 | Меѓународно трговско право | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 410 | Менаџмент во осигурување | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| EBU 420 | Менаџмент на односи со потрошувачи | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| MGT 440 | Менаџмент на промени | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| INT 430 | Монетарна и фискална политика во ЕУ | Осми / Летен | 6 | 0 | 7.5 |
| ECN 450 | Применета економетрија | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| FIN 440 | Применети финансии со Ексел | Осми / Летен | 6 | 0 | 7.5 |
| MST 430 | Финансиска и актуарска математика | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
ЛИНК до Маркетинг – студиска програма 2017/2018
