Целта на оваа студиска програма е да овозможи создавање на специјализиран кадар кој ќе ги познава и имплементира современите принципи на управување со компаниите, процесите, човечките ресурси и останатите компоненти на деловните системи и ќе биде во состојба да одговори на барањата на раководните и управувачки позиции на различни нивоа во компаниите. Со најновите промени, програмата по Менаџмент и претприемништво настојува да одговори на нараснатата социо-економска потреба од подигнување на претприемничкиот, иновативниот и проактивниот дух кај младите луѓе, кои со поголема храброст би се впуштиле во деловни потфати, процес кој го отсликува целокупниот деловен амбиент во Европа и светот во денешно време.
Компетенциите со кои треба да располага студентот кој дипломирал на департманот Менаџмент и претприемништво се сумирани во следново:
- Да поседува знаење и разбирање од специфични области на функционирањето на претпријатијата, како што се: производниот менаџмент; деловната етика, планирањето, управувањето со човечките ресурси, управувањето со финансиските средства; управувањето со малите претпријатија и стратегиските аспекти и многу други, во контекст на домашниот и меѓународниот менаџмент.
- Ја применува методологијата и методите за подготовка и изработката на стратегиските, бизнис и тековните планови во претпријатието;
- Умее да ги идентификува потенцијалните можност за бизнис и да ја процени нивната исплатливост;
- Знае да го одреди местото на луѓето во организационата структура, да ја разбере и да ја стимулира мотивацијата во работата, а се со цел да прерасне во вистински лидер на поединците и групите во организацијата;
- Способен е да ги идентификува информационите потреби и да управува со информациите и знаењето во организациите, со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности;
- Да дизајнира соодветна организациска структура и да ги идентификува потребите за обука и развој на вработените, со предлози на решенија за конретни организациски проблеми.
- Умее да ги анализира и оценува влијанијата на различните економски, социјални, правни и глобални фактори врз водењето на бизнисот.
- Способен е да ги презентира своите идеи, работни постапки и резултатите од својата работа;
- Ги владее говорничките вештини со цел да биде вешт и пријатен говорник и соговорник;
- Поседува знаења неопходни за анализа на исплатливоста на проектите, планирање и раководење со проекти, како и управување со проектни тимови;
- Способност за дискусија на широк опсег теми од областа на менаџментот, како и за анализа конкретни студии на случај од бизнис – практиката.
Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС |
---|
| | | П | В | |
Задолжителни предмети | | | | | |
MGT 420 | Оперативен менаџмент | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
MGT 470 | Меѓународен менаџмент | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
MGT 450 | Операциони истражувања и машинско учење за менаџмент | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Седми / Зимски | 6(4) | 0(2) | 7.5 |
MGT 440 | Менаџмент на промени | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
MGT 430 | Бизнис комуникации | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
MGT 410 | Менаџмент во осигурување | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
| Изборен наставен предмет | Осми / Летен | 6(4) | 0(2) | 7.5 |
DIPL5000 | Дипломска работа* | Осми / Летен | – | – | 3** |
Изборни предмети | | | | | |
ECN 420 | Економија на јавниот сектор | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
ECN 460 | Индустриска политика | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
EBU 410 | ЕРП системи | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
EBU 430 | Системска анализа и дизајн на информациски системи | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
FIN 410 | Банкарски менаџмент | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
FIN 430 | Европски финансиски систем | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
INT 410 | Меѓународен транспорт и логистика | Седми / Зимски | 6 | 0 | 7.5 |
MKT 410 | Меѓународен маркетинг | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
ACC 440 | Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
MST 420 | Квантитативни методи во финансии | Седми / Зимски | 4 | 2 | 7.5 |
MGT 480 | Кризен менаџмент | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
ECN 410 | Државна регулација на бизнисот | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
ECN 450 | Применета економетрија | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
EBU 420 | Менаџмент на односи со потрошувачи | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
EBU 450 | Е-бизнис дистрибутивни канали | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
FIN 420 | Алтернативни инвестиции | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
FIN 450 | Избрани теми од финансии | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
MKT 420 | Креативност и маркетинг на содржина | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
MKT 440 | Маркетинг преку социјални медиуми | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
ACC 420 | Анализа на финансиски извештаи | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
ACC 430 | Интерна ревизија | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
MST 430 | Финансиска и актуарска математика | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |
INT 420 | Меѓународно трговско право | Осми / Летен | 4 | 2 | 7.5 |