Е-Бизнис – студиска програма 2017/2018

Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се стекнува со продлабочени знаења од областа на информациските системи за деловно работење и е-бизнисот, како и со способности за примена на ова знаење во практиката.

СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ

Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се оспособува за примена на техники за управување со ИКТ во претпријатијата, воведување на современи софтверски решенија за е-бизнис, подобрување на бизнис процесите, анализа на пазарите за специфични производи, новите начини на вмрежување на потрошувачитеи организациите, како и за управување со големиот обем на бизнис податоци.

Според тоа, работните места на кои овие кадриможат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.

Општи и специфични дескриптори на квалификацијата

Со усвојувањето на наставните содржини на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Покажување на знаење од областа на бизнис информациските системи, менаџментот со бизнис податоци, менаџментот на ИКТ, мрежните пазари и конкуренцијата. Ова знаењетреба да биде користено од страна на компаниите заради подржување на нивната дигитализацијата и бизнис стратегија.
  • Покажува знаење од областа на интернет маркетингот, системите за управување на односите со купувачите, комплексните мрежни комуникации, како и користење на социјалните медиуми во насока на остварување на бизнис стратегиите.
  • Знаење и вештини за дефинирање и анализирање на бизнис процесите, како и управување со нив во насока на подобрување на организациските перформанси и резултати во работењето на компанијата.
  • Демонстрира знаење за специфични софтверски алатки имплементирани во претпријатија, презентирајќи ги од теоретски и практичен аспект.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно развива на интернет маркетинг комуникациски план.
  • Самостојно комбинира и развива план за тоа како соодветни ИКТ можат да бидат користени од страна на компаниите за да ја подржат имплементацијата на е-бизнисот.
  • Ги применува теоретските принципи за имплементирање на софтверски алатки за деловно работење.

Способност за проценка:    

  • Покажува способност за анализа на е-бизнис процесите и идентификување на релевантните  информации,  неопходни  за  менаџирањето  со  овие процеси.
  • Покажува способност  за  идентификување  и  прибирање  на  релевантни примарни   и   секундарни   податоци,   неопходни   за   истражување   на      проблемите и ситуациите со кои се соочуваат компаниите во дигиталното окружување.
  • Демонстрира способност  за  анализа  и  интерпретација на добиените податоци и нивна примена во насока на унапредување на конкурентоста на претпријатијата во гло балното дигитално окружување.     

Комуникациски вештини:   

  • Покажува способност за тимска работа, иницира дискусии, но и активно го слуша соговорникот.
  • Успешно ги  применува  принципите  и  кодексите  на  професионалното деловно комуницирање.
  • Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира човековото однесување генерално, како и интеракциите со ИКТ.

Вештини на учење:

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, меморирање, слушање, интерактивно учество, набљудување и анализа.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Ги препознава сопствените интереси во областа на е-бизнисот и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.

ГодинаСеместарР.бр.ШифраПредметЧасовиECTS
ПрваЗимски1ECN 110Основи на економијата6+08
ПрваЗимски2MST 110Математика за економисти4+28
ПрваЗимски3ACC 110Основи на сметководство4+28
ПрваЗимски4INT 110Трговско право4+28
ПрваЛетен5MST 120Статистика за бизнис и економија4+28
ПрваЛетен6EBU 110Основи на е-бизнис4+28
ВтораЗимски1MGT 210Основи на менаџмент6+08
ВтораЗимски2MKT 210Основи на маркетинг4+28
ВтораЗимски3EBU 210Дигитална економија4+28
ВтораЛетен4EBU 230Информациони технологии4+28
ВтораЛетен5EBU 220Интернет маркетинг4+28
ТретаЗимски1EBU 310Бази на податоци за бизнис4+28
ТретаЗимски2MGT 390Финансиски менаџмент6+08
ТретаЗимски3EBU 320Бизнис логистика4+28
ТретаЛетен4EBU 330Дизајн и развој на веб4+28
ТретаЛетен5EBU 340Менаџмент на бизнис процеси4+28
ЧетвртаЗимски1EBU 410ЕРП системи4+28
ЧетвртаЗимски2EBU 430Системска анализа и дизајн на информациски системи4+28
ЧетвртаЛетен3EBU 420Менаџмент на односи со потрошувачи4+28

ЗИМСКИ СЕМЕСТАР

  • грарна политика
  • Аналитика на бизнис податоци
  • Банкарски менаџмент
  • Деловна етика
  • Демографија
  • Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
  • Европски економски интеграции
  • Економетрија
  • Економија на инвестициите
  • Економија на јавниот сектор
  • Економика на Македонија
  • Економски раст и развој
  • Индустриска политика
  • Интегрирани маркетинг комуникации
  • Jавни финансии
  • Квантитативни методи во финансии
  • Корпоративно финансиско известување
  • Лични финансии
  • Макроекономија
  • Маркетинг истражување
  • Маркетинг менаџмент
  • Меѓународен маркетинг
  • Меѓународни организации и интеграции
  • Меѓународни трговски трансакции
  • Меѓународни финансии
  • Менаџмент на информациони системи
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Методи на макроекономската анализа
  • Микроекономија
  • Монетарна и фискална политика во ЕУ
  • Надворешна трговија
  • Национални сметки
  • Однесување на потрошувачите
  • Оперативен менаџмент
  • Операциони истражувања
  • Сметководствени информациони системи
  • Статистичка контрола на квалитет
  • Стратегиски менаџмент
  • Теорија на организација
  • Управување со производот
  • Финансиско сметководство

ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

  • Анализа на временски серии
  • Анализа на финансиски извештаии
  • Банкарство
  • Вовед во економија на животната средина
  • Глобалната економија и економските системи
  • Деловно комуницирање
  • Деловно планирање
  • Директен маркетинг
  • Државна регулација на бизнисот
  • Е-бизнис иновации
  • Единствен пазар на ЕУ
  • Економија на иновации
  • Економија на трудот
  • Економија на социјална држава
  • Економска статистика
  • Инвестиционен менаџмент
  • Интерна ревизија
  • Локални финансии
  • Маркетинг на услуги
  • Маркетинг преку социјални медиуми
  • Меѓународен менаџмент
  • Меѓународна економија
  • Меѓународно сметководство
  • Менаџмент во осигурување
  • Менаџмент на мал бизнис
  • Менаџмент на набавки
  • Менаџмент на перформанси
  • Менаџмент на промени
  • Менаџмент на ризик
  • Менаџмент на финансиски институции
  • Монетарна економија
  • Мултилатерален трговски систем
  • Мултилатерална трговска регулатива
  • Односи со јавноста
  • Организациско однесување
  • Основи на бизнис аналитика
  • Политика на цени
  • Претприемништво
  • Проект менаџмент
  • Развој на економската мисла
  • Регионална и урбана економија
  • Ревизија
  • Сметководствени контролни системи
  • Теории на надворешната трговија
  • Теорија на одлучување
  • Управување со маркетинг каналите
  • Управување со системите
  • Управувачко сметководство I
  • Управувачко сметководство II
  • Финансиска економетрија
  • Финансиска и актуарска математика
  • Финансиски пазари и институции
  • Хартии од вредност и портфолио менаџмент