Финансиски менаџмент – студиска програма 2017/2018

Дипломираниот економист по финансиски менаџмент ги познава основите економски законитости и појави, особено во областа на финансиите, и владее со техники за анализа на процесите и состојбите, како и предлагање и избор на решенија за согледаните проблеми.

СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:

Дипломираниот економист на департманот по финансиски менаџмент се оспособува за примена на техники и алатки за анализа и предвидување на финансиските текови, како и за управување со финансиите во финансиските институции, нефинансиските трговски друштва и со јавната администрација.

Општи и специфични дескриптори на квалификацијата

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

1) Знаење и разбирање

  • ги познава институционалната структура на финансиските пазари, карактеристиките на одделните видови финансиски инструменти (акции, обврзници, штедни влогови, заеми, финансиски деривати итн.) и делувањето на различни финансиски институции (банки, осигурителни компании, пензиски фондови, инвестициони фондови итн.).
  • ги разбира основните принципи на финансиите, суштината на современата портфолио теорија и принципите на вреднување на основните класи на финансиски инструменти: акциите и обврзниците.
  • поседува знаења за најважните видови активни, пасивни и неутрални банкарски работи, за современите методи за управување со средствата, ликвидноста, обврските и капиталот на банките и стекнува способности за анализа на конкретни проблеми од деловната политика на комерцијалните банки.
  • ги разбира и критички ги анализира основните прашања од областа на меѓународните финансии, како што се: формирањето на девизните курсеви и функционирањето на девизниот пазар, главните компоненти на платниот биланс, клучните меѓународни финансиски институции и финансирањето на меѓународната трговија.
  • поседува продлабочени знаења од јавните финансии, преку анализа на современите даночни системи, карактеристиките на одделните јавни давачки (даноци, придонеси, царини итн.) и буџетскиот процес, и стекнува способност да ги анализира ефектите на фискалната политика.

2) Примена на знаењето и разбирањето

  • Како финансиски експерт во државните и јавните институции (државна администрација, фондови, влада, министерства, даночна управа, и сл.), студентот изготвува финансиски планови и учествува во процесот на буџетирање;
  • Како финансиски менаџер во нефинансиските трговски друштва (јавните, приватните, акционерските и сл.), студентот учествува во извршувањето на финансиската функција;
  • Како менаџер во банките и другите финансиски институции, студентот извршува различни задачи, поврзани со процесот на управување со ликвидноста, кредитната анализа и управувањето со ризиците;
  • Извршува разни работи како финансиски експерт во областа на даноците и јавното финансирање (даночни консултанти, финансиски инспектори), како и во доменот на осигурувањето и царинската проблематика;
  • Како експерт за финансискиот пазар (берзата на хартии од вредност, брокерски друштва и сл.), студентот спроведува фундаментална и техничка анализа, прави проекции на идното движење на финансиските варијабли итн.;

3) Способност за проценка 

  • студентот покажува способност за собирање, обработка и интерпретација на информациите за  појавите  во  финансискатa економија.           
  • Покажува способност за оценка и избор на научни теории кои во своите рамки даваат одговор и препораки за движењето на финансиските појави во иднината.
  • покажува способност за избор на најповолна насока на дејствување во рамките на финансискииот систем (фискалната политика, монетарната политика, финансиските институции), а со цел постигнување на посакуваните цели – економска благосостојба, високо ниво на вработеност, стабилен финансиски систем, одржлив економски раст и развој.

4) Комуникациски вештини

  • покажува способност за комуникација каде темата на дискусија и критериумите за донесување на правилна одлука не се засновани на јасно дефинирани или се базирани на одредени мислења.
  • покажува способност за независно учество на специфични, научни и интердисциплинарни дискусии, со професионален пристап.
  • прифаќа консулатции од професионалци од неговата и од други научни дисциплини, со спремност критички и објективно да ги даде сите неопходни аргументи за или против одредена акција во промените на финансиската структура
  • способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

5) Вештини на учење

  • демонстрира совладани вештини за учење – концентрација, читање и слушање, меморирање, користење на времето;
  • демонстрира способност за разумна оцена на идеи со критичко размислување, истражува стратегии (и ставови) за генерирање идеи со креативното размислување;
  • ефикасно ги користи овие размислувања и стратегии за решавање на секојдневните проблеми и во научниот метод.

ШифраНазив на наставен предметСеместарЧасовиЕКТС
ECN 110Основи на економијатаПрв/Зимски6+08
MST 110Математика за економистиПрв/Зимски4+28
АCC 110Основи на сметководствоПрв/Зимски4+28
MST 120Статистика за бизнис и економијаВтор/Летен4+28
ACC 210Финансиско сметководствоТрет/Зимски6+08
ECN 210МакроекономијаТрет/Зимски6+08
FIN 230Јавни финансииТрет/Зимски6+08
FIN 210Финансиски пазари и институцииЧетврт/Летен6+08
FIN 220Монетарна економијаЧетврт/Летен6+08
FIN 390Финансиски менаџментПетти/Зимски6+08
FIN 310Меѓународни финансииПетти/Зимски6+08
FIN 330Лични финансииПетти/Зимски6+08
FIN 340Менаџмент на финансиски институцииШести/Летен6+08
FIN 320БанкарствоШести/Летен6+08
INT 430Монетарна и фискална политика во ЕУСедми/Зимски6+08
FIN 410Банкарски менаџментСедми/Зимски6+08
MST 320Квантитативни методи во финансииСедми/Зимски4+28
FIN 420Хартии од вредност и портфолио менаџментОсми/Летен6+08
FIN 430Локални финансииОсми/Летен6+08

ЗИМСКИ СЕМЕСТАР

  • Аграрна политика
  • Аналитика на бизнис податоци
  • Банкарски менаџмент
  • Деловна етика
  • Демографија
  • Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
  • Европски економски интеграции
  • Економетрија
  • Економија на инвестициите
  • Економија на јавниот сектор
  • Економика на Македонија
  • Економски раст и развој
  • Индустриска политика
  • Интегрирани маркетинг комуникации
  • Jавни финансии
  • Квантитативни методи во финансии
  • Корпоративно финансиско известување
  • Лични финансии
  • Макроекономија
  • Маркетинг истражување
  • Маркетинг менаџмент
  • Меѓународен маркетинг
  • Меѓународни организации и интеграции
  • Меѓународни трговски трансакции
  • Меѓународни финансии
  • Менаџмент на информациони системи
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Методи на макроекономската анализа
  • Микроекономија
  • Монетарна и фискална политика во ЕУ
  • Надворешна трговија
  • Национални сметки
  • Однесување на потрошувачите
  • Оперативен менаџмент
  • Операциони истражувања
  • Сметководствени информациони системи
  • Статистичка контрола на квалитет
  • Стратегиски менаџмент
  • Теорија на организација
  • Управување со производот
  • Финансиско сметководство

ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

  • Анализа на временски серии
  • Анализа на финансиски извештаии
  • Банкарство
  • Вовед во економија на животната средина
  • Глобалната економија и економските системи
  • Деловно комуницирање
  • Деловно планирање
  • Директен маркетинг
  • Државна регулација на бизнисот
  • Е-бизнис иновации
  • Единствен пазар на ЕУ
  • Економија на иновации
  • Економија на трудот
  • Економија на социјална држава
  • Економска статистика
  • Инвестиционен менаџмент
  • Интерна ревизија
  • Локални финансии
  • Маркетинг на услуги
  • Маркетинг преку социјални медиуми
  • Меѓународен менаџмент
  • Меѓународна економија
  • Меѓународно сметководство
  • Менаџмент во осигурување
  • Менаџмент на мал бизнис
  • Менаџмент на набавки
  • Менаџмент на перформанси
  • Менаџмент на промени
  • Менаџмент на ризик
  • Менаџмент на финансиски институции
  • Монетарна економија
  • Мултилатерален трговски систем
  • Мултилатерална трговска регулатива
  • Односи со јавноста
  • Организациско однесување
  • Основи на бизнис аналитика
  • Политика на цени
  • Претприемништво
  • Проект менаџмент
  • Развој на економската мисла
  • Регионална и урбана економија
  • Ревизија
  • Сметководствени контролни системи
  • Теории на надворешната трговија
  • Теорија на одлучување
  • Управување со маркетинг каналите
  • Управување со системите
  • Управувачко сметководство I
  • Управувачко сметководство II
  • Финансиска економетрија
  • Финансиска и актуарска математика
  • Финансиски пазари и институции
  • Хартии од вредност и портфолио менаџмент