Економија на социјалната држава

Наслов на наставниот предметЕкономија на социјалната држава
Код ECN 230
ПрофесорПроф. д-р Билјана Ташевска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

Основна цел на предметот е студентите да се запознаат со концептот на социјалната држава и нејзината улога во обезбедување и унапредување на благосостојбата на граѓаните. Предметот обезбедува економска перспектива на неуспехот на пазарот и потребата, дизајнот и ефектите на државните програми на благосостојба (врз доходот, благосостојбата и однесувањето на поединците, како и врз јавните финансии). По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да:

  • ги дефинираат и објаснат благосостојбата и социјалната држава;
  • ги анализираат и дискутираат основните принципи на мерење на нееднаквоста, сиромаштијата и социјалната исклученост;
  • користат економски аргументи за државна интервенција во различни сегменти на социјалната држава;
  • ги разберат основните опции за финансирање на политиките на благосостојба;
  • ги разликуваат различните модели/режими на социјална држава;
  • ги разберат ефектите од програмите на благосостојба врз индивидуалното однесување и благосостојба и општествeните последици;
  • ги разберат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат модерните социјални држави (стареењето на населението, миграциите, глобализацијата, прашањето на одржливоста) и да дискутираат начини за нивно решавање;
  • го применат нивното знаење за анализа на реални проблеми и програми на социјалната држава во нашата држава и пошироко;
  • го разберат концептот на социјално претприемништво и да го применат нивното знаење за креативни решенија на реални проблеми.

Содржина на предметната програма:

  • Дефинирање на социјалната држава (држава на благосостојба), нејзината цел и функција;
  • Аргументи за државна интеревенција (ефикасност наспроти праведност и еднаквост; социјална правда);
  • Проблеми на дефинирање и мерење на благосостојбата, сиромаштијата, нееднаквоста и социјалната исклученост;
  • Финансирање на социјалната држава; 85 Наставна програма 2022-2023
  • Државни политики на благосостојба (социјално осигурување, нееднаквост на доходот, сиромаштија, невработеност, пензии);
  • Развојот и улогата на социјално претприемништво;
  • Големина и опфат на модерните социјални држави;
  • Модели/Режими на социјалната држава;
  • Политики и мерки на благосостојба во Република Македонија;
  • Трендови и предизвици за модерните социјални држави, кои произлегуваат од глобализацијата, демографските промени, дигитализацијата, прашањето на одржливоста.

Економија на социјалната држава – предметна програма 2022/23