Наслов на наставниот предмет | Економска статистика |
Код | MST 210 |
Професор | Проф. д-р Драган Тевдовски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Целта на предметот е на најдобар можен начин да ги подготви студентите да ги користат статистичките бази на податоци (било домашни или странски), согласно на нивните потреби за квантитативни истражувања. По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- да ја разберат теоретската позадина неопходна за конструирање на композитни индекси
- да знаат да ги толкуваат резултатите од економските мерења и истите да ги употребат за меѓународни и локални споредби
- да го користат статистичкиот програм R за решавање на реални проблеми.
Анализата на податоци со помош на композитни индекси е од голема важност за донесување на одлуки во различни домени од економијата: од меѓународната трговија, преку финансиите па се до бизнис секторот. Дополнително, индексните бројки се често прикажувани во јавноста и се употребувани во политички и економски дебати. Оттука, од особена важност за студентите е да стекнат критично знаење за начините конструирање и интерпретација на композитни индекси со помош на еден од најчесто користените статистички софтвери R. Стекнатите знаења од овој предмет ќе им овозможат предност на студентите кои сакаат да работат како аналитичари на меѓународни, финансиски и економски податоци кои го опишуваат квалитетот на живеење. Содржината на предметот е
- Методи за конструирање на композитни индекси
- Дескриптивна анализа на композитни индекси
- Визуелизација на композитни индекси
- Методи за донесување на статистички заклучоци
- Мерење на економската активност и капацитет
- Мерење на меѓународната трговија
- Мерење на економската благосостојба