Наслов на наставниот предмет | Интегрирани маркетинг-комуникации |
Код | МКТ 240 |
Професор | Проф. д-р Анита Циунова-Шулеска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,
1. Студентот треба да ги разберe принципите и практиките на интегрираните маркетинг-комуникации.
2. Студентот треба да биде оспособен успешно да ги комбинира инструментите на маркетинг-комуникациите.
3. Студентот треба да знае да изработи креативен бриф и да креира порака за целниот аудиториум.
4. Студентот треба да знае да ги примени контролните механизми за оценка на маркетинг-комуникациските активности.
5. Студентот треба да знае да направи маркетинг-комуникациски план и да ја дефинира маркетинг-комуникациската стратегија.
Содржина на предметната програма:
Целта на наставата по овој предмет е да се запознаат студентите со процесот на маркетинг-комуникацирање и со одделните инструменти на маркетинг-комуникациите. Студентите треба да се стекнат со знаење кое ќе им овозможи не само да ги идентификуваат одделните инструменти на маркетинг-комуникациите, туку и успешно да ги комбинираат истите преку изработка на маркетинг-комуникациски план имајќи го предвид однесувањето на купувачите и маркетинг-комуникациските активности на конкурентите За таа цел, со посебно внимание се разработуваат економската пропаганда, личната продажба, продажната промоција, односите со јавноста, публицитетот, директниот маркетинг и интернет-маркетингот.
- Вовед во интегрирани маркетинг-комуникации
- Перспективи во однесувањето на потрошувачите
- Процес на комуникација
- Извор, порака и канали на комуникација
- Воспоставување цели и буџетирање на промотивната програма
- Креативна стратегија: Планирање и развој
- Креативна стратегија: Примена и проценка
- Медиумско планирање и стратегија
- Директен маркетинг
- Унапредување на продажбата
- Односи со јавноста, публицитет и корпоративно огласување
- Лична продажба
- Дигитални медиуми и интерактивни маркетинг-комуникации
- Мерење на ефективноста на промотивната програма