Наслов на наставниот предмет | Меѓународна економија |
Код | INT 210 |
Професор | Проф. д-р Кикеркова Ирена |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба:
да ги разберат предностите од слободната меѓународна трговска размена и да ги знаат разликите меѓу класичните и современите трговски концепции што се залагаат за неа;
да ги знаат основните интервенционистички инструменти и да ги разбираат ефектите што со нив се остваруваат од аспект на националната економија, но и од аспект на меѓународната економија;
да ја разберат разликата меѓу Бретонвудскиот и современиот монетарен систем, како и улогата на меѓународните финансиски институции во светот;
да ги разберат основните каратеристики на меѓународните финансиски текови и на основните сегменти на пазарот на капитал;
да бидат способни да ги анализираат основните ставки на билансот на плаќањата сочинет според правилата на ММФ, да ги утврдуваат изворите на фактичката нерамнотежа во него и да ги познаваат предностите и слабостите од примената на одредени теоретски концепции за негово враќање во рамнотежа.
Содржина на предметната програма:
Меѓународна економија им припаѓа на фундаменталните економски дисциплини. Од неа потекнуваат повеќе економски науки кои третираат потесни научни области од полето на економијата. Овој предмет има за задача да им овозможи на студентите да го состават мозаикот на сликата на современиот свет и карактеристиките на економските односи што владеат во него. За таа цел материјата што ја покрива овој предмет е поделена во неколку основни поглавја и тоа:
- основни теории на меѓународната трговија, кои треба да помогнат во разбирањето на начинот на кој секоја национална економија го наоѓа своето место во меѓународната поделба на трудот;
- видови трговски политики и нивните инструменти, аргументи за и против нивното воведување и значењето и улогата на меѓународната трговска регулатива;
- карактеристики на современите економски текови во меѓународната економија;карактеристики на современиот меѓународен монетарен систем;
- пазарот на капитал;
- билансот на плаќањата ипредизвиците наметнати од процесот на глобализација.