Наслов на наставниот предмет | Менaџерско одлучување и решавање на проблеми |
Код | MGT 260 |
Професор | Вонреден професор Никола Левков |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- за препознавање на когнитивните стапици и предрасуди во менаџерското одлучување
- да ги надминат лошите навики во одлучувањето
- за критичко размислување, формулирање и решавање на организациските проблеми
- за употреба на креативни техники за решавање на проблеми и донесување на одлуки
- за распознавање на различните стилови на менаџерско одлучување
- за примена на основни квантитативни, квалитативни и аналитички методи на одлучување
- за распознавање на предностите и слабостите на индивидуалното и групното одлучување
- за препознавање на влијанието на етиката и праведноста врз расудувањето при носење на менаџерски одлуки
Содржина на предметната програма:
- Разлика помеѓу тврдата и меката организациска реалност
- Промени, ентропија и организациските проблеми
- Процес на идентификација и решавање на проблеми
- Различни видови на менаџерски одлуки
- Индивидуално и групно менаџерско одлучување
- Лоши навики и когнитивни стапици во одлучувањето
- Улогата на креативноста во решавањето на проблемите и донесување на одлуките
- Квантитативни, квалитативни и аналитички методи во одлучувањето
Менаџерско одлучување и решавање на проблеми – предметна програма 2022/23