Пари и банкарство

Наслов на наставниот предметПари и банкарство
Код FIN 220
ПрофесорПроф. д-р Ѓорѓи Гоцков
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По изучувањето на овој предмет, студентите треба да располагаат со следните области на знаења:

  • Развој на способности за креативно и аналитичко размислување за конкретните проблеми со кои се соочуваат носителите на монетарната политика и деловната политика во банкитe
  • Совладување на основните поими од банкарството и монетарната економија,
  • Запознавање со современите достигнувања од банкарската и монетарната теорија,
  • Разбирање на практичните аспекти на работењето на банките,
  • Запознавање со македонскиот банкарски систем

Содржина на предметната програма:

  • Потекло и развој на парите
  • Функции на парите
  • Вредност на парите
  • Местото и улогата на централните банки во банкарските системи
  • Цели, задачи и инструменти на монетарната политика
  • Понуда и побарувачка на пари
  • Појава и развој на банкарството
  • Карактеристики на банкарските системи во развиените земји и земјите во развој
  • Развој и карактеристики на македонскиот банкарски систем
  • Принципи на банкарското работење
  • Биланси на комерцијалните банки
  • Видови банкарски работи: активни, пасивни, неутрални и сопствени банкарски работи
  • Ризици во банкарското работење
Пари и банкарство – предметна програма 2022/23