Наслов на наставниот предмет | Проект менаџмент |
Код | MGT 250 |
Професор | Проф. д-р Сашо Арсов |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- Направат анализа на инвестициски проект и да дадат предлог за негово прифаѓање.
- Да го дефинираат проектот и да ги идентификуваат неговиот опфат и цели преку развивање на проектна спецификација;
- Да ја дефинираат структурата на проектот како список на неговите составни активности, да ги идентификуваат нивните меѓузависности, времетраење, ресурси и трошоци;
- Да состават план за управување со ризиците на проектот, како компонента во процесот на управување со проектот;
- Да умеат да го утврдат минималното потребно време за реализација на проектот преку изработка на гантограм и мрежен дијаграм на проектот;
- Да користат софтвер како алатка во процесот на планирање, имплементација и надзор врз проектот, да ги изработуваат различните извештаи за процесот на интерна и екстерна комуникација, како и да ги интерпретираат информациите содржани во нив.
Содржина на предметната програма:
- Дефинирање на инвестиции, проекти и проектен менаџмент.
- Инвестициски процес и документација.
- Инвестициска студија, анализа на факторите, економско-финансиска анализа.
- Критериуми за оценка на инвестициските проекти.
- Оценка на прифатливоста на други видови проекти во компанијата.
- Проектите и организационата структура на компанијата
- Планирање на активностите во проектот (ТСП).
- Планирање на времето, ресурсите и трошоците
- Примена на мрежното планирање во проектниот менаџмент
- Имплементација на проектот, надзор и контрола.
- Проектни тимови и улогата на проект-менаџерот
- Употреба на софтвер во проектниот менаџмент