Наслов на наставниот предмет | Управување со системи |
Код | ECN 250 |
Професор | Проф. д-р Предраг Трпески |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- да ги разберат општите законитости на управувањето како универзален феномен;
- да ја осознаат корисноста на примената на системскиот пристап и системската динамика во третирањето на практичните економски проблеми;
- да ги користат информационите повратни кола во процесите на припремање и донесување одлуки;
- да ги поврзат сознанијата од интердисциплинарните области во моделирањето на економските процеси;
- да стекнат сознание за значењето на системската анализа во проектирањето на економските системи;
- да се оспособат за креативен однос во системското третирање на краткорочните и долгорочни економски појави на микро и макро ниво.
Содржина на предметната програма:
- Управувањето како универзален феномен
- Интердисциплинарен пристап кон современите појави
- Основни категории: од систем до динамични повратни кола
- Нови простапи кон управувањето со економските системи
- Информациските системи како основа на управувањето
- Одлучување како најважна управувачка активност
- Економската наука за динамиката на економските процеси
- Самокорегирачки сили на економијата
- Движење и развој на економијата
- Управување со системот на развојни промени
- Основни управувачки повратни врски
- Систем на управувачки инструменти.