Управувачко сметководство 1

Наслов на наставниот предметУправувачко сметководство 1
Код АCC 220
ПрофесорПроф. д-р Марина Трпеска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:

  • Носат информирани одлуки за потребите на менаџментот
  • Ги идентификуваат видовите трошоци и како тие се однесуваат во дадени ситуации
  • Утврдуваат трошоци при поединечно и процесно производство
  • Алоцираат општи трошоци со цел точно утврдување на цените на чинење
  • Го применуваат утврдувањето на трошоци врз основа на активности
  • Вреднуваат залихи според апсорционен и варијабилен метод
  • Носат одлуки за профитабилноста со помош на концептот трошоци-обем-добивка
  • Изготвуваат оперативни планови и главен буџет.

Содржина на предметната програма:

  1. Управувачкото сметководство во рамките на сметководствениот систем
  2. Видови трошоци и однесување на трошоците
  3. Анализа на профитабилноста со помош на трошоци-обем-добивка
  4. Опфаќање на трошоците при поединечно и процесно производство
  5. Облици на алокација на општи трошоци
  6. Утврдување на трошоци со помош на активности
  7. Апсорпционен и варијабилен метод на вреднување на залихи
  8. Сметководствено планирање и изготвување на главен буџет

Управувачко сметководство 1 – предметна програма 2022/23