Наслов на наставниот предмет | Локални финансии |
Код | FIN 240 |
Професор | Проф. Д-р Сузана Макрешанска Младеновска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
Основна цел на предметната програма е да се запознаат студентите со основните принципи на локалните финансии и фискалната децентрализација. По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да:
- ја идентификуваат улогата на локалните власти во економијата;
- ги разликуваат локалните од националните јавни добра и услуги;
- ги разберат концептот на оптимална локална понуда и цената на локалните добра и услуги;
- ги објаснат целите на фискалната децентрализација и нејзините придобивки;
- ги евалуираат алтернативните начини на финансирање на локалните власти;
- ги анализираат ефектите од дотациите и фискалната еквилизација;
- дискутираат на теми поврзани со фискалната децентрализација во Р. Македонија;
- ги анализираат буџетите на единиците на локалната самоуправа во Р. Македонија.
Содржина на предметната програма:
- Државата и пазарните неуспеси: екстерналии, јавни добра, природни монополи
- Побарувачка и понудата на локални јавни добра и услуги
- Определување на цената на локалните јавни добра: кориснички надоместоци
- Локални аспекти на даноците на имот и даночна капитализација
- Фискална децентрализацијата: мерење и ефекти
- Распределба на функциите на државата и улогата на локалните власти
- Распределба на приходни извори помеѓу централната и локалните власти
- Фискална еквилизација и дотации
- Задолжување на локалните власти
- Локалната самоуправа и децентрализацијата во Р. Македонија